ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
ЗА ЦРКВОВНАТА ПОБОЖНОСТ
И ГРИЖАТА ЗА ДУШАТА

27. ПРАШАЊЕ (дали жените во црквите треба да имаат марама на главата?):

Постои ли црквeно правило кое што ги обврзува жените да носат марами на главите кога се наоѓаат во храмот?

Одговор: За ова постои директен и недвосмислена заповест на светиот апостол Павл во неговото Прво послание до Коринтјаните (гл. 11. ст. 2 -16).

Апостол Павле тука јасно говори дека секоја жена која што гологлава се моли на Бога, ја срамоти главата своја и објаснува заради што.

Свети Златоуст на тоа додава, дека покривањето на главата е знак на покорност и на потчинување; тоа поттикнува на гледање надолу, на смирение и на чување на добродетелите.

Тоа е знак, на скромност и целомудрие што особено им прилега на жените – христијанки.

Многу е тажно, што денес не се почитува овој древен обичај на Црквата, пропишан од страна на светиот Апостол, и што жените, не само што одат со непокриени глави, туку и се пострижуваат како мажи, против што Апостол Павле исто така говори на истото место на своето Прво Послание до Коринтјаните (11,56,15), каде што тврди дека за жената е срамота да се потстрижува.

 

Архиепископ Аверкиј Сиракуски

Претходна статијаКОЈ МОЖЕ НА ДОСТОЕН НАЧИН ДА ЈА ПОФАЛИ БОЖЈАТА УМНА МОЛИТВА?
Следна статијаХрана на душата!