„…Во контекст на вистината за Божјите несоздадени енергии треба да го видиме и клучното прашање за Рајот и Пеколот.
Таму каде што се тврди и верува дека Божјите енергии се создадени, се создава верување и учење дека рајот и пеколот се од Бога создадени за награда односно казна на луѓето.
Меѓутоа, според библиското и светоотечкото опитно предание, и рајот и пеколот се Божја несоздадена енергија.
Тоа е Божјата енергија на љубовта.
Оние кои Го возљубиле Бога и растат во таа љубов, тие и по телесната смрт, и по сеопштото воскресение, ќе се насладуваат во неизмерната Божја љубов, затоа што и самите позитивно одговориле на таа љубов.
Алегориски таа состојба се нарекува Рај. Зборот „рај“ е од персиско потекло и означува „градина со разновидни дрвја“.
Самиот термин е само фигуративно прикажување на радоста од љубовната заедница со Бога и со ближните во Царството Божјо.
Пеколот, пак, не е некоја друга Божја енергија, не се работи за некаква си „казнувачка“ Божја енергија, туку тоа е истата таа благодат на љубовта.
Но оние кои не Го возљубиле Бога, оние кои Му се спротивставуваат, тие ја доживуваат Божјата љубов како мачење. Всушност, тие самите себеси се казнуваат, затоа што се решиле да не Го љубат Бога и самите ја отфрлаат заедницата со Него.
Затоа е сосема погрешно да се мисли дека Бог е отсутен од пеколот и дека пеколот е создаден од Бога за сместување на казнетите грешници во него“.
Оваа вистина ја нагласува и преподобниот Максим Исповедник, околу шест века пред свети Григориј.“
Свети Григориј Палама