За жал, трпезата последниве децении стана најосаменото место во домот. Секој од членовите на семејството во различно време и небрежно седнува на неа.
А ТАА ТРПЕЗАТА е Олтарот на домот , на МАЛАТА ДОМАШНА ЦРКВА .
.Јадењето и пиењето на неа треба да го примаме со силна благодарност, како да претставува – света ефхаристија во мало.
Само семејство што со пиетет и со претходна молитва се собира како во црква покрај трпезата, може да се нарече среќен и благословен дом.
Пред да започне заедничката трпеза (ручекот) сите простум благодарат со следнава молитва:
МОЛИТВА ПРЕД РУЧЕК
Господи Исусе Христе, Боже наш ,благослови ни го јадењето и пиењето нам, на Твоите чедаи умножи го воовој дом по молитвите на Твојата Пречиста Мајка и на сите Твои светии.
Амин.
МОЛИТВА ПОСЛЕ РУЧЕКОТ:
Ти благодариме, Христе, Боже наш,што нè насити со Твоите земни блага.
Не лишувај нè од Твоето небеско царство, но како што си дошол меѓу Твоите ученици, давајќи им го Твојот мир, така дојди и кај нас и спаси нè
МОЛИТВА ПРЕД ВЕЧЕРА
Ќе јадат сиромасите и ќе се наситат,и ќе го прослават Господа оние штого бараат, нивните срца ќе живеат вовечни векови.
Амин.
МОЛИТВА ПО ВЕЧЕРАТА
Господи, Ти нè развесели со Твоите созданија; се радуваме на делата одТвоите раце.
Господи, се покажа светлината на Твоето лице и на нас; Ти го развесели моето срце повеќе отколку што ќе се развеселеше од пченица, вино и елеј.
Во мир ќе заспијам и ќе се успокојам, зашто Ти си со мене, Господи, моја единствена надеж.