Символ на верата и Симбол на верата?
Грчки символон – знак, идентификација, 1.
Конвенционален знак или слика на која било личност, животно, предмет, сила, дејствие, појава, социјално движење, концепт, идеја, и т.н.; 2. Скратено изложување за главните догми на верата (Символ на верата).
Символ на верата се нарекува краткото и точното изложување на основите на христијанската вера, составено и утврдено на 1-от и 2-от Вселенски Собори.
Символот на верата не е молитва (туку исповедување на верата). Бидејќи тој не содржи обраќање кон Бога, кон Пресвета Богородица, кон Ангелите или светителите.
Символот на верата е составен од 12 членови (одредби), и во секој од нив се содржи особена вистина, или уште како што ја нарекуваат догмат на нашата православна вера.
1-от член зборува за Бог Отец, од 2-от до 7-от член се зборува за Бог Син, 8-от за Бог Свети Дух, 9-от за Црквата, 10-от за крштението, 11-от и 12-от за воскресението на мртвите и идниот живот.
Имено грчката буква ВИТА, во македонскиот јазик се изговара како Б и според мене, затоа некаде се среќава Симбол на верата – некои пак зборот симбол го објаснуваат како знак, што всушност уште на почетокот е дадено значењето на зборот символ.
За оваа проблематика најдобро има напишано свети Николај Велимировиќ во неговиот трактат
“Символи и Сигнали”, еве ја врската