Почитувани, ве канам на изложбата „Skopje ByzArt – историја, уметност, традиција и искуство“, посветена на средновековното наследство коешто се наоѓа на територијата на град Скопје.
Настанот ќе се случува многу кратко, од 23-27.09.2019 на првиот кат од Capitol Mall & Residence.
На изложбата ќе можат да се видат панели групирани тематски според историски, уметнички, религиозни и етнографски карактеристики, како и уметнички дела и ракотворби од изложбено-продажен карактер изработени со помош на оригинални средновековни техники од страна на сестринството на „Марковиот манастир“.