Во дворот на манастирот Марков манастир , Св. Димитриј на 11. и 12. мај  се одржа дводневен базар „Ајде да се дружиме“, детска работилница и  ликовна колонија на која зедоа учество голем број деца.

Тие со восхит, со голем радост и умеење ги добиваа инструкциите и  начинот и упатствата од игуменијата сестра Илијана,  за тоа како да се наслика икона на Христос и Богородица.

Би се радувале сите, ако со Божја помош, оваа иницијатива прерасне во  традиционална креативна, оригинална активност, а децата бидувајќи поблизу до Бога, да ги откриваат и развиваат своите дарови, полезни не само за откривање на талентот при нивната определба во животот, туку на еден непосреден и спонтан начин, полезни  и за нивните души!

Подготви Мина Даниловска

Претходна статија„Мојот противник ми ја нанесе најголемата навреда“- блажениот Августин
Следна статијаСпомен на чудата на Св. Архангел Михаил (Од правосл. Календар за 19. 9)