Дома Свети Отци МИР ВАМ…!

МИР ВАМ…!

0
714

МИР ВАМ…

`На земјината топка може да имаме сè што ќе посакаме, а да немаме мир и радост.

А мирот доаѓа од изворот на мир, од Господа. Кога Господ им се обратил на своите ученици, кога тие ја затвориле вратата од страв од Јудејците, прво што им рекол било:

Мир вам.

Господ ќе ве награди со мир, ако се помирите и свртите кон Апсолутното Добро, а Апсолутното Добро е Господ Бог.

Тој сака ние да имаме една божествена особина – смирението е таа божествена особина.
Каде што смирението царува, без разлика дали во семејството, или во општеството, тоа од себе лачи мир и радост.

Секое добро и зло доаѓа од мислата, бидејќи ние сме мисловен апарат. Влијаеме дури и на растителниот свет, бидејќи и растителниот свет има нервен систем. Сите очекуваат мир, утеха и љубов.

Покајанието е промена на животот.

Ако ние се свртиме кон изворот на животот, Господ ќе ни даде сила да утврдиме во себе мисли полни со добрина, зашто добрите мисли, добрите желби, даваат мир и утеха насекаде. Мораме да се промениме.

А нашите мисли влијаат не само нас, туку на сè што нè опкружува.

Мораме да упатуваме добри мисли. Господ заповеда да ги љубиме своите непријатели, не поради нив, туку поради нас самите.

Треба да простиме сè од срце. Кога ќе се прости сè од срце, сè е простено.

Ние сме соучесници на мирот, тогаш мирот прави радост и утеха на сите околу нас.

Сите ги чувствуваат нашите мисли мирни, тивки.

Мораме сè да простиме од срце. Внатрешниот мир не може да се задржи, доколку нашата совест нешто изобличува.

Мораме да ја смириме совеста.

Треба на сите да им простиме од срце. Без тоа нема внатрешен мир.

Господ секогаш чека да се поправиме, сите да ги љубиме бидејќи сите ни се род во Господ, сите вери, сите нации, сите бои на кожа, баш сите човечки битија.“

Старец Тадеј