Икона од !0 век)

+`Кај човекот расположението на срцето во најголема мера одговара на неговиот став, на неговата надворешност. И затоа, при молитвата, твоето тело со својот став нека одразува благочестив стравопочит.

Застани како осуденик со наведнета глава, со рацете наместени како да се врзани со јаже, како што обично ги врзуваат престапниците фатени на местото на престапот.

Твојот глас нека звучи милостиво како глас на оној што плаче и на човек кој офка ранет од смртоносно оружје или кој страда од страшна тешка болест.

„Бог гледа на срцата”.

Он ги гледа најскриените и најподробни помисли и чувства, сето наше минато и сета наша иднина. Бог е секаде присутен. И затоа стој на својата молитва како што би стоел пред Бога.

Всушност, ти стоиш пред својот Судија и Владика,  во Чија си сопственост и од кого зависи твојот дел во времето и вечноста.

Употреби го своето стоење пред Него за изградување на сопствени добродетели, не дозволувај поради своето недостоинство тоа да послужи како причина за временски и вечни казни за тебе.

Имајќи намера на Бога да Му принесеш молитва, отфрли ги сите земни мисли и грижи. Не занимавај се со мислите што тогаш ти наидуваат, па колку и да изгледаат дека се важни, прекрасни и потребни

. Божјото дај го на Бога, а тоа што е потребно за времениот живот побрзај да го дадеш во свое време. Не е можно во исто време да извршуваш молитва на Бога и да го забавуваш умот со попатни помисли и грижи.

Пред молитва, покади го своето срце со темјан на стравот Божји и со свет стравопочит: помисли дека си го разгневил Бога со безбројните прегрешенија што Нему Му се поочигледни отколку на твојата совест; погрижи се да го смилуваш Судијата со смирението.

Сочувај се! Не предизвикувај Негово негодување со небрежност и дрскост. Он благоволи дури и на оние кои му се најблиски, најчистите ангелски сили, да стојат пред Него со секаква стравопочит и со најсвет страв.

Облеката на твојата душа треба да блеска со белина на едноставност.

Ништо сложено тука не треба да има. Тука не треба да се мешаат лукавите помисли и чувствата на суета, лицемерие, преправање, човекоугодништво, високоумување, сластољубие, со такви темни и зловолни дамки со кои е извалкана душевната облека на фарисеите што се молат.

Наместо бисери и дијаманти, наместо злато и сребро, украсувај се себеси со целомудреност (здравоумие, невиност), смиреноумие, со солзи на кротост и духовен разум, а пред да ги добиеш тие солзи, со солзи на покајание.

Украсувај се себе со детска, ангелска незлобност: ете, тоа е скапоцен накит!

Кога Царот над царевите ќе го види овој накит на душата, ќе се приклони кон таа душа со Неговиот милостив поглед.

Простување на сите, на сите – не исклучувајќи ги ниту најтешките навреди, е незаобиколен услов за успех во молитвата.

„И кога стоите на молитва, простувајте, ако имате против некого нешто, та и вашиот Отец, Кој е на небесата, да ви ги прости вашите прегрешенија”.

„Молитвата на злопамтивите е семе фрлено на камен”, има речено преподобен Исак Сирин.`

Претходна статијаЉубовта е секогаш слободна, а слободата е секогаш љубовна!
Следна статијаЧудесни случки поврзани со иконата на Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба’’!