Го прашале еднаш еден мудрец кои очи гледаат подобро:

сините, црните или смеѓите.

Тој одговорил: завидливите!

Очите на завидливиот човек го гледаат и она што е најситно. Го гледаат дури и она што… не постои.

Само едно не гледаат:  доброто!

Ма го гледаат и тоа, но погрешно, затоа што не можат да ја поднесат неговата блескавост…

Завидливите клеветници се како муви, кои не се грижат за целото здраво човечко тело, туку доаѓаат и застануваат на раната.

Оној кој завидува на доблестите и вредноста на другиот и се труди да ја уништи, со тоа покажува дека не ја сака добродетелноста.

Напротив, ја мрази, не може во себеси да поседува складност, префинети чувства, душевна убавина..

Претходна статијаА што, всушност, е зависта?
Следна статијаМожеби сакаш да се потрудиш да го достигнеш совршенството?