О Света Дево, како сѐ да преточам во слово?
Како да ја искажам мојата желба? Како да Те воспеам Тебе, богатството на славата?
И само сеќавањето на Тебе осветува. Еден краток поглед кон Тебе миговно го просветлува умот, издигнувајќи го до божествени висини.
Во Тебе очите на нашето разбирање се избиструваат. Во Тебе нашиот дух зрачи со присуството на Божествениот Дух. Зашто Ти не стана чувар и извор на дарови за да ги чуваш за себе, туку за да ја исполниш вселената со благодат.
Зашто личноста одговорна за неисцрпни ризници го надгледува нивното раздавање.
Зошто би го затворила Своето богатство кога тоа никогаш не се намалува?
Обилно сподели го со нас, О Владичице, а ако не можеме да го примиме, прошири ги нашите способности и тогаш штедро излеј го врз нас.
Зашто самата Ти не прими по мерка, како што сите работи во Твоја власт Ти беа дадени.
Свети Григориј Палама
(извадок од беседата „Воведение на Пресвета Богородица во Светињата на Светињите II“)