Свети Григориј Ниски:

Зашто, каква полза има да не јадеш месо, а да го јадеш брата си со злоба?

Каква придобивка има од тоа да не го јадеш своето, а да брзаш кон туѓото?

Какво е тоа благочестие: да пиеш вода, а да копнееш за крв?

И Јуда постел со единаесетте, но кога не го скротил среброљубието, не постигнал никаква полза од воздржувањето.

+++

Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички:

Љубомудрието нека биде раководство за животот на христијанинот и душата нека ги избегнува пристапите на злото, зашто ако се воздржуваме од месо и вино, а грешиме со срце и волја, однапред сведочам и претскажувам, никаква полза нема да ни причинуваат водата, овошјето и посната храна штом немаме внатрешно расположение кое ќе одговара на надворешната устроеност.

Постот е поставен за чистота на душата.

Но, ако тој се осквернува од спротивен род, од разгневеност и дела, напраз-но ја испиваме водата што ја пиеме.

Каква полза од телесниот пост, ако умот е нечист?

Каква полза, ако кочијата е здрава и устроена, а кочијашот е болен?

Каква полза, ако коработ е солиден и устроен, но кормиларот е пијан?

Постот е основа на добродетели кои тежнеат кон спасение!

Претходна статијаАко пак си паднал – повторно стани! Старец Јосиф Исихаст
Следна статијаЛек против зачестени напади на гревовни помисли!