„Целото христијанство е жртва!
Постот и молитвата во нас ја градат нашата исправеност пред Бога. Со нив можеш да се издигнеш до рајот.
Мораме да го следиме примерот на Спасителот, Кој врз Себе ги зема сите гревови на светот.
Кoга ќе видиме дека нашиот брат прави грешка, не треба да брзаме да фрлиме со камен по него.
Попрво – треба да се сметаме себеси виновни за неговата грешка – и тоа е она што значи да ја носиме слабоста на својот брат; на тој начин тој е ослободен, олеснет.
Овој вид на жртва најмногу Му е угодна на Бог, и нема побесценета и попрекрасна круна која ќе ја добиеме за ваквото дело, бидејќи Господ рече:
„Љуби го ближниот свој како самиот себеси“.
Оној кој е бесчувствителен за страдањето на својот ближен не оди по вистинскиот пат.
Духовната состојба ти овозможува да се сметаш себеси за поништожен од сите луѓе и во себе да го гледаш падот на сето човештво – тоа е тоа:
Секој е виновен за сите и сите се виновни за секого.
И ова е најдобриот начин да му помогнеме на ближниот:
прво види се себеси како најголем грешник, затоа што, всушност, тоа е вистината! “
Старец Јустин Парво