МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТАТА БОГОРОДИЦА
О, Богородице,
Ти си мојата надеж, и тврдина на надежта блага и прибежиште мене кој сум истоштен од присуството на страстите!
Спаси ме од сите непријатели кои ја прогонуваат мојата душа, и ја ловат преку различните искушенија;
затоа што на патот по кој одам тие сокрија многу замки,
многу соблазни, многу неправди,
многу измами на душата и телото кои ме измамија на гревовни падов
и и јас, бедникот, веќе наседнав на мамките на непријателот кој ме врза и ме држи: и што ли ќе правам, јас безнадежниот?
Не знам!
Зошто ако се обидам да се покајам, моето бесчуствие, тежеста на срцето и бессолзието ме сопираат!
Ридам пред мојата проколната состојба! Оф леле за мојот губиток! Се пеплосувам од моето сиромаштво!
Кому тогаш да се обратам јас виновниот?
Единствено на Тебе, сострадална Мајко на нашиот Господ и Спасител, надеж на безнадежните, тврдина и заштита за оние кои Ти прибегнуваат!
Не се одвраќај од мене валканиот: бидејќи Те имам Тебе за единствена утеха во мојот живот, О Дево Маријо Богородице, и се дрзнувам само Тебе во секоја мака да Ти прибегнувам:
не ме напуштај, туку и во овој живот и во часот на мојата смрт дојди ми на помош, моја Помошничке, бивајќи победителка над засрамените мои непријатели, кои се ништожни пред Тебе, Господарке и Посредничке на моето спасение.
Амин.