Ние го видовме светиот човек
Јули 1987 г. Штотуку стапнавме на атонската земја, во шумовитиот Дафни, започнува неспокојство, предизвикано од силната желба и оваа година да се сретнеме co отец Пајсиј. Поклониците кои ги познаваме ни соопштуваат дека старецот не прима, бидејќи е болен.
Но, ние и покрај тоа одиме во Кареја. Јас, лично, не сум вознемирен. Убеден сум дека сè ќе биде добро.
Bo 11 часот претпладне пристигаме во престолнината на Света Гора. Започнуваат вообичаените формалности околу издавањето одобренија.
По кратко задржување, поклонувајќи и’ се на Пречистата, излегуваме од Протата и се спуштаме кон Кутлумуш. На мојот сопатник му објаснувам некои нешта и однапред го подготвувам за разговорот co старецот.
Во манастирот сретнуваме еден познат монах, којшто ни обезбедува ноќевање.
Hè радуваат љубовта и вниманието што ни ги покажува.
Одиме по патекичката, следејќи ги патоказите, прицврстени за дрвјата. На еден од нив гледаме натпис:
„До отец Пајсиј, 1000м. Гледајте ги патоказите. He ги вознемирувајте жителите на другите ќелии”.
Лесно чекориме по падината, нозете сами брзаат.
Нашата решеност да се сретнеме co отец Пајсиј е цврста, и покраj тоа што еден поклоник co две момчиња се враќа од таму и ни соопштува дека, за жал, не успеал да го види, како што самиот се изрази „светиот човек”.
Но ние, сепак, го продолжуваме патот, преминуваме по дрвеното мовче и се приближуваме кон ќелијата. Ете ги кипарисите и оградата. Сонцето пече и потта се пробива преку облеката.
Ние не сме првите коишто дошле до ќелијата. Други пришле поблиску и молчешкум чекаат под сенката. Очигледно тие ги знаат обичаите на старецот и поради тоа трпеливо седат.
Водата нè освежува. Се закрепнуваме co локум и различни плодови. Без излишни разговори, и ние, исто така, седнуваме. Седуммина сме. Молчиме.
Еден чекори, друг ги набљудува мравките коишто носат товар поголем од своите тела. Еден страдалник се потпрел co лактите на дрвеното стебло и ја наведнал главата, во рацете му се врти бројаница. Постојаната монотона песна на штурците не ни пречи да пребиваме во полно молчание.
Два пати удираме по железното клепало. И ете го, тој излегува од ќелијата.
Го отклучува катанецот, ни отвора и ние влегуваме. Архондарикот под отворено небо
повторно нè прима, отец Пајсиј ја симнува од оградата торбата co различни слатки нешта, донесена од други поклоници, коишто не успеале да го видат.
Тој ја отвора торбата, вади кутија co локум, нè послужува и вели:
„Како сте? Земете си слатко и вода. Земајте по два локума”.
Мојот пријател држеше мал магнетофон. Веднаш штом го виде, старецот се вознемири. Тој внимателно го зема и се обидува да го стави во џебот. Најпосле го става покрај себе, на тревата.
Напразно се обидувавме да го искористиме! Истото се случува и co другиот посетител, којшто седи наспроти нас, старецот го спречи и му ja одзеде касетата.
Ни објаснува дека не е добро да снимаме, бидејќи тука се зборува за различни лични нешта, коишто другите не треба да ги слушаат.
Плашливо го вадам бележникот. Старецот го погледнува и co насмевка вели:
– Ќе пишуваш ли за да го дадеш во весник?
Разговорот траеше три часа. Темите беа многу и сите беа интересни.
На лицата на браќата се гледа внатрешно умиление. Очигледно дека здобиле духовна полза.
Седиме на трупците како во удобни фотелји. Замореноста на телата исчезна затоа што, како што вели старецот, ние духовно се одмораме.
Пренесено од книгата Поуки на светогорскиот старец Пајсиј” од отец Дионисиос Тацис
Подготви М. Даниловска