Дома Свети Отци СПИСИ – ПРЕПОДОБЕН ИСИХИЈ

СПИСИ – ПРЕПОДОБЕН ИСИХИЈ

0
468

СПИСИ – ПРЕПОДОБЕН ИСИХИЈ

Како што е неможно од еден канал заедно да минуваат огинот и водата, така е неможно и гревот да влезе во срцето, ако тој најнапред не почука на вратата на срцето, преку мечтаењата на ѓаволското искушение.

Прво доаѓа НАПАДОТ, потоа следи соединувањето кога се мешаат нашите помисли со помислите на лукавите демони.

Потоа следи, кога двата вида помисли се договараат како да го направат злото, а најпосле следи извршеното дело – ГРЕВОТ.

Затоа, ако духот е трезен, ако внимава на себе си и со помошта на противставувањата и на повикувањата на Господа Исуса Христа, го прогонува ѓаволското искушение уште во самиот почеток, тогаш ништо од она што следи по него – не бива.

Зашто ѓаволот, бидејќи бестелесен УМ , не може да не измамува поинаку, освен преку мечтаења и помисли.

За ова и светиот пророк Давид вели:

„Од рани зори ги убивав сите грешници на земјата“
(Псал. 100,8), а големиот Божји угодник Мојсеј за согласувањето вели:

„Не мешај се со нив и со боговите нивни да не сврзуваш завет“ (Иса. 23,32).

Пренесено од  ДОБРОТОЉУБИЕ