ПОСТАНЕТЕ И ВИЕ ДЕЛ ОД НАШАТА БИБЛИОТЕКА!

Денес, повеќе од било кога, во време кога ревноста за побожен живот ослабнува и има сѐ поголема желба за приклонување кон духот на овој свет, „кој во зло лежи“, во време кога православната младина, заталкана и без патоказ, во сѐ поголем број припаѓа кон Мајката Црква, чувствувајќи неизгаслива духовна глад и жед за спознавање на вечната Вистина и Живот, се наметнува насушната потреба верниците што подобро да ја осознаат православната вера и православниот дух преку Светото Предание и учењето на Светите Отци, како и преку животот на многу современи свети старци и подвижници, кои се особено живи примери на светост и голема духовна поткрепа за сите оние Христијани, кои сакаат да живеат вистински духовно и православно во денешните услови на отворено Богоотстапништво и Богозаборавеност.

За таа цел, Библиотеката „Св. Гаврил Лесновски“ започна со издавање и подготовка на многу светоотечки, светопреданиски и душекорисни книги, но, со оглед на тоа дека живееме во време на криза, им се обраќаме на сите оние кои се подготвени финансиски да го помогнат богоугодното дело на нашата Библиотека, помагајќи им така на многу души кои се гладни и жедни за словото Божјо, и подготвувајќи си го така за себе и за ближните патот кон вечниот живот.

Однапред Ви благодариме, и ве чекаме за соработка.

Библиотека св.Гаврил Лесновски

Р.Ѕ. Наскоро ќе има нови реизданија на книгите кои се потрошени.

 

ИЗВОРМанастир Свети Гаврил Лесновски
Претходна статијаТрпеливоста е мајка на утехата (Искушенија – Свети Исак Сирин)
Следна статијаСвета Марија Египетска моли Бог и ние да ги победиме нашите гревови !