Дома Останато Прашања до свештеникот Дали е грев што правевме свадба на ден Велигден? (Свештеникот одговара на...

Дали е грев што правевме свадба на ден Велигден? (Свештеникот одговара на ваши прашања)

0
1401

Почитуван, имам едно прашање што ме мачи веќе дваесет години и никако да најдам одговор.

Имено пред дваесет години стапив во брак и нашите родители свадбата ја закажаа во недела на големиот празник Велигден.

Дали е грев што правевме свадба на ден Велигден?

Многу ме плаши тоа и цело време мислам какви последици ке сносиме ние или недај боже нашите деца.

Молам да ми се одговори на прашањето, од причина што во тоа време и немаше многу слободен контакт меѓу верниците и свештените лица.

Поздрав.

Одговор на отец Горан Стојчевски

Воскресение Христово, Велигден, најубавиот ден што Господ ни го дал да се радуваме и да се веселиме, меѓудругото и на свадба.

Нека ви честито, Господ да ве благослови и да се радувате на синови и ќерки.

Ете, нема тука грев само благослов.