Светиот Архангел Гавриил

Тој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји.

Еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји.

Му го јави на Захарија раѓањето на Св. Јован Предвесник и самиот за себе рече:

„Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19).

Неговото име, Гавриил, значи маж – Бог.

Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од Пречистата Дева.

Ќе биде значи Маж – Бог, крепок, силен Бог.

Некои дознаа дека истиот тој Гавриил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие.

Светите отци мислат дека Гавриил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат најблиску до Бога.

Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога.

Имињата на тие седуммина се: Михаил, Гавриил, Рафаил, Уриил, Селатиил, Јегудил, Варахиил.

На овој број некои им го додаваат и Еремиил.

Секој од нив има посебна служба, а сите тие се рамночесни.

Зошто Бог не го испрати Михаил?

Зашто неговата служба е да ги крши непријателите на Божјата вера.

А службата на Гавриил е благовестење за човековото спасение!

Претходна статијаЕва co својот грев ја доведе смртта во вселената; Марија (Богородица) пак, донесе Живот…!
Следна статијаДури и дивите животни се покоруваат на човекот Божји…! (Старецот Пајсиј)