Прашање за отец Горан Стојчевски:
Пред четири години мојата снаа беше бремена и одеше на редовни гениколошки прегледи со што беше констатиран голема срцева мана.
За да се увериме побаравме мислење и од Систина
од стручни лекари но дијагноза беше потврдена и советот беше да се прекине бременоста.
Со конзилиум на лекари во шести ти месец бебето беше присилно породено мртво.
Моето прашање е дали ние како семејство сме направиле грев?!
Одговор од отец Горан:
Како што има потреба од покајание секој од нас за сторените гревови што сме ги направиле, така и личноста за која ме прашувате, членовите на лекарскиот конзилиум итн.
Патот на покајание води кон исповед, пост и молитва, читање на светото Писмо, литургиски редовен живот во неделите и празниците доколку работните обврски ни дозволуваат и секако редовно причест на литургиите за да плодот од нашето покајание биде во полнота преку очистување на нашите гревови со Телото и Крвта Христови.
Зависи од нас дали ќе го направиме тој прв чекор на покајание и да појдеме на исповед.
Сѐ што исповедано е простено, сѐ што соединето со Бога е спасено.
Но, на тој пат да се трудиме да не ги повторуваме истите работи.
Нема потреба од очај и страв, туку од љубов кон Животот.
Поздрав.