Кога човек ќе стане заробеник на доброто, тогаш престанува гревот, и живее Христос

Bo себе имаме два света, добар и лош. И двата ја црпат својата сила од еден извор. Таа сила е како батерија.

Ако лошиот ја стави батеријата во штекерот, тогаш нѐ води во пропаст. Меѓутоа, ако добриот ја стави во штекерот, тогаш сѐ во нашиот живот е убаво, спокојно, Божествено.

Но истата сила го напојува и добриот и лошиот човек во нас. Секогаш ние сме на еден од нив, или на добриот или на лошиот. Треба да се стремиме, наместо да сме заробеници на лошиот, да бидеме заробеници на добриот.

Да ви кажам и еден друг пример. Во сите места на светот постојат радиобранови, но не ги фаќаме. Штом го отвориме нашиот приемник, тогаш ги фаќаме, ги слушаме, ги чувствуваме.

Истото се случува и кога влегуваме во духовниот свет. Живееме во Христа, летаме!

Тогаш пополека стануваме заробеници на доброто, Христови заробеници. А кога човек ќе стане заробеник на добриот човек во нас, тогаш не може да зборува лошо, не може да мрази, не може да лаже.

He може, па дури и да сака. Како може тогаш во неговата душа да влезе лукавиот, да му донесе безнадежност, очајание, млитавост и слично?

Божјата благодат го исполнува, и овие работи немаат сила да влезат внатре. He можат да влезат кога неговата соба е полна co неговите духовни пријатели, коишто се во етерот, во бескрајноста, a co ова мислам на ангелите, светителите, мачениците, а пред сè, на Христос.

Кога човек ќе стане заробеник на стариот човек, тогаш се случува спротивното. Тогаш е обземен од лошиот дух и не може да прави добро, се исполнува co злоба, осудување, лутина итн.

Кога ќе ве нападне злото, имајте подвижност и насочувајте се кон доброто. Секое зло преобразувајте го, преосуштествете го, и претворете го во добро. Тоа преобразување се извршува само преку благодатта.

На пример, водата станува вино на свадбата во Кана. Ете преосуштествување. Така благоволил Оној Кој е над природата… Тоа е натприродно. Се разбира, може да стане вино или путер и co хемиска обработка и да стане исто како оригиналот. Но тоа во себе ја нема оригиналноста.

Вистинското претворање го извршува Божјата благодат.

За да се случи тоа, човекот треба да My се има предадено на Христос „co сета своја душа и co сето срце” (Мк. 12, 30).

Сетете се на првомаченикот Стефан.

Бил обземен од Бога и, додека бил гонет и каменуван, за своите гонители велел: „Господи, не им го земај ова за грев… (Дела 7, 60).

Зошто светиот Стефан се однесувал така?

Наједноставно, затоа што не можел да прави поинаку. Тој бил заробеник на доброто. Мислите ли дека е лесно кога фрлаат врз вас еден куп камења?

Ајде, нека ти фрлат некој камен!

Се правиш добар, добар човек, но штом ти дојде каменот, ќе почнеш да викаш „Оф! Неранимајко! итн.

Тоа покажува дека трпиме обземеност од лошиот дух. А тогаш како ќе влезе Христос, каде ќе застане? Во нас сè е зафатено. Меѓутоа, штом влеземе во духовниот живот, штом влеземе во Христа, сè се менува.

И крадец да бил некој, престанува да краде, и крвник и злобен и злопамтив… Сето тоа престанува.

Гревот престанува, и живее Христос. Така и апостолот Павле велел: „He живеам веќе јас, туку Христос живее во мене”.

Слободата не се стекнува, доколку не ја ослободиме нашата внатрешност од заплеткувањата и страстите. A ce разбира, тоа може да се изведе само co Христа. Радоста е во Христос. Христос ја преобразува страста во радост.

Тоа е нашата Црква, тоа е нашата радост, тоа е сè за нас. А денес човекот тоа го бара, па зема отрови и наркотици за да влезе во светови на радост – но на лажна радост. Во тој момент нешто чувствува, а утредента е здробен.

Тоа го сотрува, го разјадува, го здробува и го пече. А себедавањето на Христа го оживува, му дава радост, го тера да му се радува на животот, да чувствува сила, величественост.

Таква е нашата религија. Возвишеност, величие, благодарност, радост, веселие! Во колкава мера го живеел сето тоа пророкот Давид!

“Жеднее и се топи мојата душа за Господовите дворови” (Пс. 88, 3). Колку убаво!

старец Порфириј Кавсокаливит

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаСв. Марко Подвижник – Потребно е покајанието и за оние што стигнале покајанието на совршенство?
Следна статијаАко ти не си милостив кон луѓето – не очекувај милост од Бога (Старец Сампсон)