Ти секако ќе ми речеш:
“Какво покајание им е потребно на оние, кои вистински My угодиле на Бога и што стигнале до совршенство?
Дека имало и дека има такви луѓе тоа го знаме и ти и јас. Но, послушај ме внимателно што ќе ти кажам и ќе сфатиш, дека и таквите имаат потреба од покајание.
Погледнувањето на жена co желба, Господ ја оценува како прељуба; гневот против ближниот го нарекува убиство, а рекол дека и за секој празен збор ќе дадеме одговор пред Бога (cп. Матеј 28, 29; 12, 36).
A кој е тој што не погрешил co поглед co желба?
Кој е тој што никогаш не се прогневил на својот брат. А има ли и таков што не е виновен за некој празен збор?
Па, зарем сите овие немаат потреба од покајание? Ако во сегашнината и не е таков; тој бил таков во минатото; тој е должен да се кае до самата смрт?
Ho, да претпоставиме, дека има некои што ги немаат овие слабости и дека од своето раѓање се чисти од секаков порок, макар што тоа е неможно, според зборовите на светиот апостол Павле, кој пишува:
“Сите згрешија и се лишени од славата Божја. Ho, ќе се оправдаат преку дар, co Божјата благодат, a преку откупот во Исуса Христа” (Рим. 3, 23-24).
Впрочем, ако има вакви, сепак и тие произлегуваат од Адама, сите се родиле co трагите на првородниот грев и затоа, според Божјата пресуда се осудени на смрт и не можат да се спасат без Христа.
37. Разгледај го животот на сите што изминале низ овој свет и ќе видиш, побожноста на сите, кои My угодиле на Бога, се пројавувала и се извршила низ покајанието. Никој не бил осуден, ако него не го потценил и презрел, и никој не бил оправдан, ако не се грижел за него.
Самсон, Саул и Илиј co своите синови, сите тие речиси делумно ја добиле светињата, и кога почнале да не се грижат за покајанието, најнапред го загубиле, a потоа, откако изминало времето на нивниот живот, умреле co страшна смрт.
Ако ни ѓаволот не престанува да се бори co нас, тогаш ни покајанието никогаш не треба да го занемаруваме. Светиите се принудуваат на покајание и за своите ближни, зашто не можат да бидат совршени без дејствената љубов.
38. Ако покајанието е барање милост од Бога, тогаш оние што имаат сѐ и не им е потребна таа милост, треба да се грижат да не ги чујат зборовите “Презаситени сте” (1. Кор. 4) дотолку повеќе што оној кој нема, треба да моли за она што му е потребно, зашто во светото Евангелие читаме:
“Секој што сака, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори” (Матеј 7, )
. Ако оној што е милостив спрема другите, и самиот ќе биде помилуван, тогаш според моето мислење, целиот свет се одржува преку покајанието, зашто, според Божјата промисла, еден на друг си помагаме. Преку покајанието, Бог ги спасил Ниневјаните, а оние што не се грижеле за него, ги изгорел co оган од небото.
39. Ако и до смртта се подвизуваме во покајанието, тогаш и co тоа нема да направиме сѐ што сме должни да го направиме. Зашто, како што јадеме, како што пиеме, како што зборуваме или како што слушаме, така сме природно должни и да се каеме.
Оној што е достоен за смрт, тој според законот умира, a тој што живее, живее co вера заради покајанието. Ако не од нашите лични гревови, тогаш од прародителскиот грев сме биле очистени преку крштавањето и откако сме се очистиле, сме ги добиле заповедите.
Ако не ги извршуваме заповедите, тогаш го осквернуваме и крштевањето, како што говори апостолот:
“Ако ги нема (добродетелите), тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од поранешните гревови” (2. Петр. 1, 9), од кои ниеден ден не е слободен, макар и да не пропуштил ништо од она што му е заповедано – да го направи.
Па затоа покајанието им е потребно на сите, зашто тоа ни укажува на гревовите што сме ги направиле некогаш слободно и доброволно, а сега ги правиме и без да сакаме, кога ги мразиме страстите и кога посакуваме да се оддалечиме од нив.
Оној што го ограничува и занемарува покајанието, тој се враќа пак на она што било и ги обновува своите некогашни гревови.
Свети Марко Подвижник
Подготви Мина Даниловска