Не сите знаеме колкава е користа за упокоените нашата молитва за нивните души. За тоа говорат светите отци на Православието. А кога само би можеле да го чуеме нивниот вапај за нашата молитвена помош би слушнале: Молете, се нас, молете се за вас, постојано!

МОЛИТВА ЗА УПОКОЕНИТЕ

Боже на духовите и на секоја плот, Којшто си ја урнал власта на смртта и владееш над живите и мртвите, извор на привремениот и на вечниот живот, Којшто не ги лишуваш од милоста ни живите ниту мртвите, Христе Спасителу, слушни го молитвениот плач на моето срце и помилуј ја според своето безгранично милосрдие, душата на преселениот од овај свет во невидливиот Твој слуга (или: слугинка) (името), за кого (за која) да се молам ме поттикнува љубовта и, благодарноста за она што ми направиле во во нивниот живот.

Помилуј го (ја), зашто заспа во смртниот сон со спасителна вера во Тебе и надеж во вечниот живот, помилуј го поради раните и страданијата што Си ги претрпел за сиот човечки род, поради крвта пролеана и поради Твоето понижување…

Ти си вечна љубов и благост, Ти си Спасител на човечкиот род и си ветил дека ќе исполниш се што ќе побараме со вера.

Со оваа надеж и јас, грешник недостоен за Твое помилување, се осудувам да Те молам, се осмелувам од длабочината на својата душа да викам кон Тебе.

Сожали се, Господи, и помилуј го починатиот во смртен сон Твој слуга (слугинка).

Можеби и поради моја вина сеуште не стигнал до вечното пристаниште на блажените.

Можеби поради моите гревови го отфрлаш од Твоето лице и учеството во нив овде на земјава.

Поради.Твојата благост и крстните страданија, не земај му ги во предвид тие гревови. Помилуј го, ако по немоќта на грешната прироДа се отклонил од Твоите патишта и блудел по стрмината на порокот, вовлечен од соблазните на светот.

Искупи ги со Твојата крв неговите заблуди и слабости, не споменувај ги гревовите, заборави му ги беззаконијата, награди му ги добродетелите, не оставај ја без возврат ни најмалата усилба да Ти благоугоди.

Врачунај му ги, место дела, неговите добри намери во низ животот, згасни му ја жедта за соединување со Тебе, засити му ја гладта за Твојата правда од плодовите на Твојот дом.

Збогати му ја неговата беда од сокровиштата на твоите заслуги. Покриј му ја голотијата со облеката на Твоето оправдание.

Овенчај ја неговата желба да се насладува со гледањето на Твоето лице и воведи го во Твоето вечно царство!

Амин!