Прашање:
Се вели во текстовите на отците и во Акатистот:
“Јас сум вратата на овците”…
Како и од каде Богородица е врата и се издига како Бог?
Ве молам за појаснување
Ви благодарам
Икона: Поширока од небесата
…..
Одговара: отец Горан
Апостолот забележал дека голема е тајната на побожноста, Бог се јави во плот (тело), верата ја запознаваме низ оној созерцателен одговор на Богородица, дека ќе зачне и ќе роди Спасител, и вели:
ете ја слугинката Божја, нека ми биде според зборовите Твои.
Без таа потврдност немаше да го добиеме Спасителот Христос.
Има една фреска која стои највисоко во олтарот и се нарекува „Поширока од Небесата“.
Таа фреска е Богородица во Која бил сместен Оној Кој Е Живот.
Затоа Пресвета Богородица е вратата на Животот, клучот на спасението.
Токму преку Богородица ни е даден Спасителот и затоа е врата на Животот.
Да се потсетиме низ парафраза и на Богордичното правило на Св. Серафим Саровски, дека оној кој кажува 150 Богородични молитви дневно во себе го има и Света Гора и Ерусалим.