МОЛИТВА на Свети Василиј Велики
Многумилостив, Нетленен, Нескверен, Безгрешен, Господи; очисти ме мене, непотребниот слуга Твој, од секоја скверност плотска и духовна и од нечистотијата кoja од невнимание и од униние се умножи во мене, co сите други беззаконија мои.
И неосквернет покажи ме, Владико, заради благоста на Твојот Хрисгос и освети ме co слегувањето на Пресветиот Твој Дух, та возобновен од маглата на нечистите демонски привиденија и од секоја скверност, да се удостојам, co чиста совест да ја отворам мојата нечиста и скверна уста и да го воспеам Твоето сесвето име на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во вечни векови.
Амин.
Достојно е навистина блажена да Те нарекуваме Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна, и Мајка на нашиот Бог.
Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, Бога Словото нетлено што Го роди, навистина си Богородица, ние Те величаме.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Господи, помилуј!……….. (З пати)
Господи, Исусе Христе, Боже наш, заради молитвите на Твојата пречиста Мајка, и на сите светии, спаси ме мене грешниот.
По тоа правило можеш да си прочиташ: Псалм 6; Римјан. 1гл.; Лука 7, 36-50 и дневното житие или житието на преп. Антониј Велики (17/30,01).
Забелешка: При нечисти мисли и желба за грев или при униние, очајание, скрб или друго искушение, треба многу пати да се произнесе молитвата „Богородице Дево…” и заради молитвите на Божјата Мајка, Господ Бог ќе и’ даде мир на душата.