11. Духовните зборови не водат кон гордост; а кон гордост водат зборовите на световната мудрост. Од што произлегуваат и едното и другото?

Духовните зборови ја чуваат смирената душа, зашто, исполнувајќи ги сите нејзини делови co чувство на богатството на духовната светлина, таа нема никаква потреба од човечка чест.

Таа секогаш го запазува умот од мечтаења, проникнувајќи го co Божјата љубов, а зборовите на човечката мудрост го поттикнуваат човекот кон славољубие, затоа што тие немаат можност да му дадат на чувството да ја доживее убавината, којашто би можела да го насити срцето и, во замена на тоа, на своите питомци им подарува љубов спрема пофалбите од луѓето, бидејќи и тие самите се пронајдок на суетни луѓе.

Ваквото духовно својство на Божјото слово ќе можеме и ние самите да го распознаеме co сигурност, ако часовите, во кои немаме потреба да говориме, ги поминуваме во радосно спомнување за Бога – во молчење и без никаква грижа.

12. За самољубието и за богољубието и што му е својствено на оној што се љуби себеси и на оној што Го љуби Бога?

Оној што се сака себеси, тој не може да Го сака Бога; а кој не се сака себеси, затоа што го чувствува преизобилното богатство на Божјата љубов, само тој вистински Го сака Бога.

Тој никогаш не ја бара својата слава, туку секогаш ја бара славата на Бога.

Зашто, оној што е славољубив, тој ја бара само својата слава, а оној што Го љуби Бога, тој ја сака и ја бара само славата на својот Бог. На душата што Го сака Бога, која е исполнета co љубов спрема Hero, – својствено и’ е, кога ги извршува сите Негови заповеди – да ја бара и да ја сака само Божјата слава, а таа самата се насладува co смирението.

Зашто на Бога, поради Неговата величина, My прилега слава, а на човекот – смирение, за да може преку него да My станува уште поблизок на Бога.

Ако сакаме да го следиме примерот на свети Јован Крстител и да и’ се радуваме на Божјата слава, ние ќе почнеме непрестајно да говориме:

„Он треба да расте, a jac да се смалувам”(Јован 3, 3.0.)

13. Кога и од што бива – на некого да му се чини дека не Го сака Бога, колку што би сакал, но сепак да Го љуби силно?

Видов еден човек, кој се жалостеше и плачеше затоа што не Го сака Бога колку што би сакал да Го сака. Во неговата душа имаше пламена желба:

Самиот Бог да се прославува во него, a тој самиот да биде сосема ништожен.

Тој не беше свесен дека е токму таков и дека човечките пофалби не се никаква наслада за него.

Тој во своето големо смирение не мисли за себеси и за своите особености, туку My служи на Бога, како што им заповеда Законот на свештениците да Му служат и, исполнет co силна љубов спрема Бога, не помислува за себеси и за своите особености, скривајќи го своето смирение некаде во длабочината на својата љубов спрема Бога, така што секогаш во своите мисли се гледа како некој недостоен слуга, недостоен за каква и да е награда, токму затоа што многу го сака своето смирение.

И вака треба да бегаме од секоја чест и слава, за да можеме да го придобиеме преголемото богатство на љубовта спрема Господа Кој толку многу нè засакал.

14. Кога нашето срце е исполнето co силна љубов спрема Бога, ние целосно се ослободуваме од љубовта спрема себеси и доаѓаме до восхитена љубов спрема Бога.

Кој Го сака Бога во своето срце, него Бог го познава. И ако некој повеќе Го сака Бога во своето срце, тогаш тој повеќе живее во Божјата љубов.

Таквиот не престанува ревносно да ја посакува просветеноста на својот разум и да се стреми co таква сила кон неа, така што понекогаш чуствува наполно истоштување и на сите сили од своите коски и станува целосно несвесен за себеси; наполно се изменува и бива потполно опфатен од љубовта спрема Бога.

Оној што е ваков, тој и како да е – и како да не е – како да не се наоѓа во овој живот, зашто сè уште странствува во своето тело, co своето душевно движење и co силата на својата љубов тој непрестајно оди при Бога – и се прибира како туѓинец кај Heгo

Бидејќи во неговото срце непрестајно гори огинот на љубовта и никогаш не изгаснува.

Toj пo неопходност живее прилепен co своето срце до Бога, одделувајќи се потполно од себеси, – од љубовта спрема себеси, co силата на љубовта спрема Бога, како што вели апостолот:

„Ако сме претерале во пофалбите свои, тоа е заради Бога; ако сме умерени, тоа е поради вас” (2. Кор. 5, 13).

 

Подготви: Мина Даниловска

Пренесено од книгата “Добротољубие” том III, Слово за подвижништвото, разделено на сто енергични глави, исполнети со знаење и со духовно расудување од блажениот Диадох, Фотичкиот епископ од древниот Илирски Епир, стр. 11-13

 

Претходна статијаГоспод рекол: „Бидете будни”! (Матеј 26, 41) – светиот отец Теодор Студит
Следна статијаМОЛИТВА на Свети Василиј Велики