148. Сион нека Го фали Господа.

1. Фалете Го Господа на небесата, фалете Го, на висините.

2. Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го, сите војски Негови.

3. Фалете Го, сонце и месечино, фалете Го сите ѕвезди и светила.

4. Фалете Го, небеса на небесата и води над небесата.

5. Нека го фалат името на Господа, зашто Он ече и тие се јавија, заповеда – и се создадоа;

6. ги постави за секогаш и за вечни времиња; даде наредби кои нема да се нарушат.

7. Фалете Го Господа од земјата, вие, сите али и бездни;

8. огнот и градот, снегот и мразот, и ти, бурен ветру, кој го исполнуваш словото Негово;

9. гори и сите возвишенија, плодородни дрвја и сите кедри,

10. ѕверови и сиот добиток, влекачи и птици крилати,

11. цареви земни и сите народи, кнезови и сите земни судии,

12. момчиња и девојки, старци со децата –

13. сите нека го фалат името на Господа; зашто е само Неговото име возвишено; Него Го фалат на небото и на земјата.

14. Он ќе ја подигне силата на Својот народ; Он ги прославува сите Свои светии, синовите Израилеви, на народот, кој Му е близок.

Претходна статијаНајдобриот подарок за Христа – поучна приказна
Следна статијаНо во црквата “Јас” не може без “Ти”! (Јеромонах Гаврил)