Преподобен Никита Ститат

„Краткиот пат за добивање на добродетелта е молчењето на устата,

затворањето на очите

и затнувањето на ушите.

Зашто, на овој начин, умот, ползувајќи се со недејствувањето на овие сетила, ги заклучува сите влезови во себе однадвор, почнува да гледа во себе си и во ова што се случува таму, и веднаш испитува какви се` мисли пловат таму, по духовното море на помислите и какви помисли се фрлани на огништето од неговото расудување, за да дознае дали се чисти или се помешани со горчливите семиња, дали се дадени од Ангелот на светлината или се непотребни и лоши треви , посеани од противниците на светлината , од мрачните сили.

На тој начин, тој стои среде помислите , како некој силен господар, ги зауздува и ги одделува добрите од лошите, па едни пд нив ги става во својата духовна житница, а како лебови замесени со Божествена вода и испечени со огнот на Духот, па, хранејќи се со нив, закрепнува и се исполнува со светлина, – а другите ги испраќа во длабочината на заборавањето, осободувајќи се од нивната горчина.

Впрочем, ова го постигнува само оној кој духовно тргнал по патот што води сигурно кон небесата и кон Бога, откако ги соблекол од себе грозните партали на темните страсти“„

Претходна статијаСвети Григориј Синаит не` подучува – Не пожелувј ја женaта на ближниот свој!
Следна статијаПоука од Преподобен Нил Синајски – Да биде Твојата волја“ (Матеј 6,10), а не мојата!