Молитва за роденден

Ти благодарам, вечни Боже, Создателу на секоја твар и на времето, што ме удостои co Твојата милост да доживеам до овој ден, co кој започнува Новата година на мојот живот. Срцето ми е исполнето co синовска благодарност кон Тебе за се’ што си направил за мене, недостојниот.

Во Твоите раце е времето, Ти го даруваш на секое разумно создание пo Твојата голема милост и по Твојата спасоносна промисла.

Ho jac, Господи и Владико на мојот живот, многу често заборавам дека дарот на времето доаѓа од Тебе, за да ја извршувам Твојата волја во сите денови на мојот живот, да ја исполнувам целта што си ми ja поставил како на човек, да дадам плодови на покајание и co страв да се удостојам за спасение.

И овој дар, како и многу други Твои добри дарови, неразумно сум ги упропастил, предавајќи се на суетни грижи и на задоволства што водат во пропаст, предавајки се на мрзливост за извршување на доброто, за се’ она што води кон спасение.

Благодетеле мој, Твоето човекољубие е безгранично. He лишувај ме од Твојата преголема добрина, продолжи ги деновите на мојот живот, сочувај ме здрав, моите трудови благослови ги co успех, дарувај ми се’ што е нужно за задоволување на моите потреби, а пред се’, исчисти ja мојата совест и поткрепувај го моето срце co вера во Тебе, та да одам по патот на спасението и кога ќе биде волјата Твоја, да преминам од овој привремен живот во вечниот, како наследник на Твоето царство.

Господи, Ти си рекол:

“Ако некој не се роди одозгора, не може да го види Царството Божјо”.

На денешниот мој роденден по тело, Спасителу мој, Ти се молам да ги благословиш сите дни што ми останале и да ме удостоиш да бидам придружен кон родените одозгора co Твојот Свет и Божествен Дух.

Амин!

Претходна статијаМолитва за именден!
Следна статијаПостот – оружје против непријателот! (Свети Исак Сирин)