Сеноќно бдение во храмот Успение на Пресвета Богородица-Каменско, Охрид
„Трудете се да имате љубов. Секојдневно просете од Бог љубов. Заедно со љубовта доаѓа и целото богатство на добрините“ – свети Нектариј Егински
Во дваесет и шестата седмица по Педесетница на 22 ноември кога се празнува споменот на Св Нектариј Егински и Преподобна Матрона Царигратска, свештениците Димче Aзески и Ѓорѓиј Блажевски отслужија сеноќно бдение.
За неизмерна радост на верните, беа изнесени и моштите на светиот Нектариј Егински., а благоуханието што се излеваше од моштите на светителот, кој нè благословуваше, нè вознесе до небото.
А на крај верните охриѓани кои беа во голем број, приредиа трпеза на љубовта, за гостите од , Битола, Ресен и Скопје.
„Поитајте браќа мои кон Него со дела.
Станете, пријатели, не застанувајте.
Не говорете против нас, залажувајќи се самите себе.
Не говорете дека е невозможно да се прими Светиот Дух,
Не говорете дека без Него е можно спасение,
Не говорете дека некој Му е причесен, а самиот да не е свесен за тоа.
Не говорете дека Бог е невидлив за луѓето,
Не говорете дека луѓето не ја гледаат Божјата светлина,
Или дека е тоа невозможно во денешно време!
Никогаш тоа не било невозможно, пријатели !
Возможно е за оние кои тоа го сакаат
и тоа само за оние кои Он им подари очистување од страстите и им го направи чисто нивното око на умот. “ – Свети Симеон Нов Богослов
Свети Нектариј Егински:
„Должни сте да имате големо внимание во меѓусебните односи и да се почитувате еден со друг како свештени лица, како икони Божји. Никогаш не гледајте на телото или на неговата убавина, туку на душата.
Внимавајте на чувствата на љубов, затоа што ако срцето не се загрева со чиста молитва, љубовта е во опасност да стане телесна и неприродна; во опасност е да го помрачи умот и да го согори срцето.“
…
`Треба секојдневно да испитувате, затоа што можеби нашата љубов не произлегува од врската на нашата заедничка љубов кон Христа; можеби не извира од полнотата на нашата љубов кон Господа.
Оној, кој бдее за да ја сочува чистата љубов, ќе се сочува од замките на лукавиот, кој се обидува малку по малку да ја преобрати христијанската љубов во љубов заедничка и сентиментална.`
…
`Долготрпеливиот владее со гневот и јароста и ги стишува поривите на своето срце. Тој ги милува паднатите и ги сожалува грешните. Кога изобличува тоа го прави благо, а зборовите му искажуваат мудрост и разборитост.
Погледот му е ведар, а движењата му се смирени и долични. Бидејќи е благоразумен, тој не суди строго, туку со бестрасен суд се изјаснува за грешникот.`
…
„Силно посакувам да им помогнам на луѓето
бидејќи Го гледам Христос.
Он сѐ уште е распнат…
Присутен сум во светот со своите мошти.
Свештеникот што ме познава,
нека ги благослови сите што доаѓаат,
барајќи олеснување, очистување или простување…
Моите мошти се мојот епитрахил.“
Свети Нектариј Егински