„ЗНАЕЊЕТО ВОЗГОРДЕЈУВА”

Надворешното образование во повеќе случаи штети, затоа што во човекот поттикнува високо мислење за себе. Подоцна ова мислење станува препрека што спречува да се приближи Божјата благодат.

Но кога човек ќе го отфрли тоа лажно мислење за себеси, тогаш нашиот добар и богат Отец го збогатува co своите божествени, светли мисли.

Кога, пак, бедниот човек има високо мислење за себеси и таа идеја ја одгледува во својот ум, продолжува да биде мозок, тело, па не ја спознава Божјата благодат, Светиот Дух.

Односно, постои опасност да ја надува главата co многу знаење, од неа да направи балон, па да биде изложена на опасност или да пукне во воздухот /од шизофренија/ или да се урне /од гордост/ и да се распарчи на многу парчиња.

Затоа знаењето треба да следи после стравот Божји, и да се соедини co дејствување и живеење за да постои рамнотежа. Сувото знаење штети.

Кога ќе продре надменоста /гордоста/ и кога зборувам за да ми се воодушевуваат другите, зашто јас, демек, мислам најправилно, тогаш почнуваат да делуваат духовните закони за да се отрезнам.

Кога ова постојано се повторува, тоа многу пречи.

Кога едно влакно ќе падне во окото, малку го надразнува. Ако постојано паѓа, многу надразнува. Кога човекот е паметен и ја извршува својата работа со леснотија, треба да се излие пред Бога, деноноќно да My благодари за паметот што му го дал и затоа што работата ја извршува без замор /без умор/.

Само уште би недостасувало да My вознесе слава и благодарност!

Ho, старче, ако мисли дека во ништо не е успешен?

Тогаш ѓаволот го искушува од спротивната страна. Ја прашале камилата:

„Дали повеќе ти се допаѓа патот што води нагоре или надолу?” а таа одговорила:

„Зошто? Нема ли рамница? Подобро им е на оние што не се паметни.

Разумот ни е даден за да ни биде подобро, а што правиме ние?

Од нас ќе се бара одговор. Како го устрои тоа Бог! Оние што не се паметни, се радосни, и во другиот живот ќе им биде подобро; а оние што се паметни, имаат многу маки.

Старче, дали во другиот живот ќе им биде добро на оние што биле ментално заостанати? Нема ли и таму да бидат оштетени?

Ha крајот на краиштата, и многу памет ќе постане ништо, како што и малку памет ќе постане ништо. Таму на небото ќе биде – умот.

Светите богослови на небото ништо повеќе нема да знаат за Бога од оние што биле ментално заостанати во овој живот. Можеби на овие другите праведниот Бог ќе им даде повеќе затоа што им било скратено во овој живот.

Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец

Претходна статијаСакаш пари? Ќе го дадеш и паричникот. Сакаш трон? Ќе седнеш на коклица!(Логиката во духовниот живот)
Следна статијаЗначи, потребен е труд во „рудникот” на душата! (Старец Пајсиј)