Дома Останато Прашања до свештеникот Како Господ би гледал на тоа да се склучи брак меѓу две...

Како Господ би гледал на тоа да се склучи брак меѓу две различни вери?! (На ваши прашања одговара свештеникот)

0
1211

Прашање од Марија:

Која е разликата меѓу православната и муслиманската вера, и како Господ би гледал на тоа да се склучи брак меѓу две различни вери.

Благодарам

 

Одговор  на отец Горан:

Бог не гледа на лице, туку гледа по срце.

Разликата во исповедувањето на верата е голема и очигледна, за да ги наброиме сите разлики би ни требало многу време.

Но она што како православни христијани е потребно да го правиме секако е практикување на верата во животот, односно доколку сме го примиле светото крштевање, а со тоа и благодатните дарови на Светиот Дух, тоа и треба да го живееме, низ литургиски живот во Црквата која е Тело Христоово, со подвиг, покајание исполнето со пост, молитва, исповед, духовно раководство и редовно пристапување кон Светата Причест кога реално се соединуваме со Христос преку примањето на Телото и Крвта Негови кои ги очистуваат нашите гревови и не соединуваат со Него како залог за вечниот живот во царството Божјо кое го очекува секогаш на Светата Литургија.

Се во нашиот живот како христијани е вклучено во животот на Црквата, па така и бракот кој е образ на соединувањето на Христос со Црквата која ја чиниме сите кои сме крстени во Неговото име и кои се соединуваме со Него преку Светата Причест.

Доколку треба да се склучи и благослови во Црквата потребно е да има единство во верата, односно исто исповедување на верата, Еден Христос, една е верата, едно е и крштевањето. Сведочењето на верата во СветоТроичниот Бог, Отецот, Синот и Светиот Дух.