Стих 5;

Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли што ги има Исус Христос.

Да се имаат истите мисли што ги има Исус Христос.

Ако не мислиш така за луѓето како што мисли Он за луѓето, зарем си христијанин, зарем си брат и зарем си човек?

Не го посакуваш ли, не го чувствуваш ли за нив она истото што го посакува и чувствува Господ Христос, тогаш уште не си христијанин, а не си ни човек.

Да се мисли за се` со Христовиот Дух, тоа е императив на секој христијанин.

Христовски може да се мисли, само ако се има Христов ум, а за ова апостолот и тврди дека христијаните тоа го поседуваат – а ние имаме ум Христов. (1 Кор, 2, 16)

Тој ум го стекнуваме живеејќи во Неговото Богочовечко Тело, Црквата!

Претходна статијаМОЛИТВА ЗА ПОЧИНАТИТЕ ЧЕДА!
Следна статијаКој фрла прашина спроти ветрот, прашината му се враќа во очите ! (поука)