Од писмата на свети Теофан Затворник
Болеста ни е вразумување Божјо и е за наше добро ако My благодариме на Бог. Зарем Jов не бил верен пријател Божји? И што се’ не претрпел благодарејќи My на Бог и благосповувајќи Го?
И трпението на крајот го довело до беспримерна слава. Потрпи и ти малку (во болеста) и ќе ја видиш славата Божја (види Јован 11, 40). А дека не можеш да постиш (во болеста), не јадосувај се.
Бог од никого не бара напори над силите. Освен тоа, што е постот ако не казна за телото за да се придуши здравата плот и да се направи немоќна за страстите, според зборовите на апостолот:
Кога сум слаб, тогаш сун силен (2. Кор. 12, 10).
А болеста е повеќе од оваа казна и се смета за пост – и се вреднува дури и повеќе од постот. Кој ја поднесува co трпение, благодарејќи Му на Бог, тој преку трпението се здобива co плодот на своето спасение.
Наместо да се ослабува силата на телото co пост, тоа е веќе ослабено co болеста.
Благодари My, пак, на Бог што си се ослободил од напорот да постиш. Ако и десет пати на ден јадеш, не тагувај; нема да бидеш осуден, зашто навистина не си прогледуваш низ прсти.
(Ha болниот во униние.)
Засакај ги страдањата на нашиот Спасител – небаре и ти заедно co Hero ги трпиш ругањата, раните на понижувањето, навредите на плукањата, исмевањето co облекувањето на багреницата, срамот на трновиот венец, оцетот co жолчка, болката од заковувањето на клинците, бодењето co копје, излевањето вода и крв – и црпи од сево ова утеха во болестите твои.
Господ нема да го остави напразен твојот труд. Он допуштил да претрпиш лесна болест, за да не бидеш далеку од светителите кога ќе ги видиш прославени во оној час како ги носат плодовите на трпението на измачувањата, туку да бидеш сопричесен co нив и co Исус, имајќи смелост да застанеш пред Hero заедно co нив.
He јадосувај се; Бог не те заборавил, туку искрено се грижи за тебе како за Свој вистински син, а не како за незаконско дете.