ИСКУСТВО ОД ПРЕСТОЈУВАЊЕТО ВОН ТЕЛОТ (ДУШАТА ПОСЛЕ СМРТТА – Јеромонах Серафим Роуз)

….Прва работа што и се случува и на личноста што починала, (Д-р Муди), е тоа дека таа го напушта своето тело и продолжува да постои сосема одвоено од него, притоа не губејќи свест. Често е способна да разгледува се` што ја опкружува, вклучувајќи го и нејзиното мртво тело, како и обидите за реанимација кои на него се извршуваат.

Престојува во состојба на пријатна топлина и леснотија, не чувствувајќи никаква болка – како да лебди. Потполно е лишена од можноста да контактира со својата околина со говор или допир, поради што често се јавува чувството на голема осаменост.

Мислениот процес обично станува многу позабрзан отколку кога бил во телото. Еве неколку кратко извадоци од овие описи:

„Иако денот беше ладен, додека бев во тој мрак, единствено што чувствував беше топлината и најголемата пријатност што некогаш сум ја искусил…Се сеќавам дека мислев: „Мора да сум мртов“.

„Почнав да доживувам најпрекрасни чувства. Единствено чувствував мир, пријатност, леснотија, само спојкојство“

„Видов како ме оживуваат. Беше навистина чудно. Не бев многу високо, но, како да стоев малку над нив, но никој не ме слушна, ниту некој можеше да ме слушне“.

Луѓето од сите страни доаѓаа на местото на судирот…Кога сосема ми се приближуваа, јас се обидував да се тргнам, да им се помрднам од патот, но тие едноставно поминуваа низ мене“.

„Не бев во состојба да допрам што било, ниту да општам со луѓето околу себе. Беше тоа ужасно чувство на самотија, чувство на целосна изолација. Увидов дека сум потполно сам.“

Треба да се спомне дека постои зачудувачки „објективен доказ“ дека човекот навистина во тој момент се наоѓа вон телото. Некои луѓе биле во состојба да ги повторат разговорите или да ги опишат случките кои се одигрувале во соседните соби или во уште поодалечените места за време додека биле „мртви“.

Меѓу останатите примери од овој вид, д-р Киблер – Рос спомнува еден исклучителен пример на слепа жена која „видела“ и детално опишала се` што се случувало во одајата во која починала, макар што кога се вратила во живот, била повторно слепа.

Ова е потресен доказ дека способноста на видот не ја даваат очите (како што мозокот, не е тој кој што мисли, бидејќи после смртта, умната способност се изострува), туку дека тоа е душата, која додека телото е живо ги извршува овие функции со помош на телесните органи, а кога тоа ќе умре – душата тоа го прави со својствената за себе способност. (д-р Елизабет Килбер – Рокс „Нема смрт“)

Православниот христијанин не треба овде ништо да го чуди, бидејќи искуството кое овде е опишано е исто како она кое што на христијаните им е познато како одвојување на душата од телото, во моментот на смртта…

Всушност таков човек – крстен во православието, но во духот од крајот на 19 век, рамнодушен спрема вистините на сопствената вера и кој дури не ни верувал во задгробниор живот – напишал повест за искуствата на животот после смртта со наслов

„За многумина неверојатен но вистински случај (К. Икскул. „ Троицко цвеќе“. 1910).

Она што тој доживеал пред толку години денес за нас е од голема важност, дури и во дело на промисла, која достигнува многу подалеку од кратките фрагментарни доживувања како што можат да се најдат во современите книги.

Го искусил чувствителен човек со модерна незаинтересираност за верата, дошол, до прифаќање на православната христијанска вистина и тоа во толку голема мера што својот живот го завршил како монах .

Тоа го објави како текст, кој не содржи ништо спротивно на православното учење, еден од водечките православни писатели – мисионери архиепископот Никон Вологодски.

По описот на последната агонија на својата физичка смрт, чувството на ужасна тежина која го притискала кон земјата, авторот на овој опис неочекувано сфаќа дека му олеснало:

„Ги отворив очите и во мојата совест, до најситен детал, со совршена леснотија, се врежа, она што во тој момент го гледав.

Видов дека стојам на сред одајата. Од мојата десна страна, полукружно, се собра сиот медицински персонал. Ме зачуди таа група. На местото каде што стоеја имаше кревет. Што беше тоа што го привлекуваше вниманието на овие луѓе, зошто така внимателно гледаа кога јас повеќе таму не бев, туку стоев насред одајата?

Се приближив и го погледав она што тие го гледаа. Таму, на креветот, лежев јас.

Не се сеќавам дали почувствував били каков страв при погледот на својот двојник, единствено ме обзеде недоумица: како е тоа можно? Чувствував дека сум овде, а и таму бев јас!

Сакав да ја допрам левата рака со десната, но раката помина низ телото како низ празен простор…Го повикав докторот, но, средината во која се наоѓав ниту го примаше, ниту го пренесуваше мојот звук и јас сфатив дека сум потполно одвоен од се` што ме опкружува.

Од таа чудна осаменост ме опфати паничен страв. Имаше нешто навистина ужасно во таа неискажлива осаменост.

Се свртив и тогаш, по прв пат ми светна мислата:

„Дали е можно дека она што ми се случи на јазикот на живите да се нарекува, – смрт?“

Ова го помислив затоа што телото кое лежеше на креветот, по се личеше на мртовец…

Според нашето сфаќање, со зборот „смрт“, поврзана е преставата за некакво уништување, прекин на животот и како можев да помислам дека сум мртов кога ниту еден единствен момент не изгубив свест и кога се чувствував жив како и порано, способен да слушнам, да гледам, да сфаќам, да се движам, да мислам, да зборувам?

Да верував во постоењето на душата и да бев религиозен, ова одвојување од се` што ме опкружува и оваа раздвоеност на мојата личност побргу ќе ја разберев, но тоа не беше случај и јас се раководев само според она што го чувствував.

А чувството на животот во мене беше толку јасно, што таа необична појава кај мене будеше само недоумица – дека иако сум свесен за себе и можам да чувствувам, треба да мислам дека не постојам…

Подоцна, сеќавајќи се за својата тогашна состојба забележав дека моите умни способности тогаш делуваа со некоја восхитувачка енергија и брзина…

Во древната христијанска литература не се опишани толку детално состојбата на душата во првите моменти после смртта, бидејќи нагласокот секогаш е ставен на оние посилни доживувања кои настапуваат подоцна.

Веројатно само во овие наши времиња кога „животот“ со толкава увереност се идентифукува со „животот во телото“, и е можно да се очекува толкава големо внимание да му се придава на првите моменти кога сфаќањата на совреманиот човек се извртуваат главечки, неочекувано за нив:

смртта не е крај, животот продолжува, а душата открива една сосема нова состојба!

Подготви: М. Даниловска

Претходна статија`Посета на рајот`! (Прекрасен текст за утеха на душата)
Следна статијаЈА ЗАМРАЗУВАМ ЛАГАТА И СЕ ГАДАМ ОД НЕА! (НЕВИДЛИВА БОРБА од Свети Никодим Агиорит)