ЌЕ СЕ СПАСИШ ЛИ?!

!

Отец Гаврило никогаш никого не го издвојувал.

Сите ги сакал и бил спремен за секого и животот да го даде.

Ниту јадел, ниту пиел вода, се’ додека разговарал со некого што дошол да бара помош од него.

– Се’ додека и еден единствен човек мразиш, далеку си од Царството Небесно. Сакајте ги сите луѓе за да го задобиете Царството Небесно.

Љубовта е мајка на сите добродетели – често ни зборуваше.

Тешко е да се опише неисцрпната добрина и благодатност на отец Гаврило:

– Кога барем сите би се удостоиле за спасение и да не им биде судено како да заслужуваат казна – го молеше Создателот со солзи.

– Оче, ќе се спасат ли сите?

– Нема, чедо мое. Ниту Бог ќе те спаси ниту јас, ако ти не сакаш да се спасиш. На оној кој се грижи за своето спасение може да му се помогне со зборовите и делата на други.

Кога мајка Параскева ќе го ставела во постела, ќе и’ покажел едно ќоше и велел:

– Ене, таму стои мојот Харон (персонификација на смртта, заб. прев.) и ме чека. Каде е злото кога човек умира?

Смртта е во рацете Божји.

Отец Гаврило често го цитирал ова: Значи, бидете мудри како змии и незлобни како гулаби (Мт 10,16) и објаснувал:

– Ако денес не се однесувате мудро и не сте чисти и незлобни, нема да се спасите.

– Во што се состои мудроста?

– Во наше време, денес, се состои во молчење и трпење.

– Кога ни се јавил Господ, спремен да ти исполни една желба, што ни барала ти од Него?

– Сите да бидат достојни за Царството Небесно – одговорив.

Светителот се наоѓал тогаш пред Распнатиот. Ја наведна главата, покажувајќи со тоа движење дека дека нема поголема желба од таа.

– Зошто јадеме и пиеме?

– За да живееме – одговорив.

– А каква е тогаш разликата меѓу нас и една крава? И таа јаде и пие за да живее. Треба да јадеме и пиеме за Царството Небесно.

Ќе дојде време кога на христијанинот ќе му биде тешко да се спаси. Што тогаш ќе каже еден безверник?

А потоа раскажувал за последните денови, за тешкотиите со кои ние христијаните ќе мораме да се соочиме. Говорел и за духовните отци кои, наместо да спасуваат, ќе ги праќаат душите во пропаст.

– Според кој критериум, тогаш, треба да избереме духовен отец?

– Според неговите дела.

Преземено од книгата “Јуродивиот човек Божји – животот и подвизите на свети Гаврил Грузиски”, Образ светачки, Белград, 2015

Претходна статијаА има такви што сосем малку имаат, а даваат се`! (Халил Џубран)
Следна статијаВаши прашања до свештеникот (Како да почнам да постам…)