За Покајанието

348. Што е Покајание?

Покајанието е Света тајна во која оној што на видлив начин ги исповеда своите гревови, просејќи прошка преку свештеник, невидливо добива разрешување, простување на гревовите од Самиот наш Господ Исус Христос.

549. Кога настанала оваа Света тајна?

Таа Света тајна својот почеток го наоѓа кај свети Јован Крстител. Имено, на оние кои одеа при него, тој им проповедаше покајно крштевање за простување на гревовите, па затоа сите пристапувале при него исповедајќи ги своите гревови (Мк. 1, 4-5).

Господ Исус Христос им ветил власт на апостолите да разрешуваат гревови кога рекол: се’ што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се’ што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото (Мт. 18, 18).

По Своето Воскресение Тој навистина им ја дал таа власт, кога рекол:

Примете Свет Дух. На оние на кои ќе му ги простите гревовите, ќе им се простат, а на оние на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат (Јн. 20, 22-23).

350. Што се бара од оној што се кае?

Од оној што се кае се бара сокрушение и покајание за своите гревови, јасна и искрена намера да го поправи својот живот, потоа вера во Христос и надеж за Неговото милосрдие.

Бидејќи скорбеењето по Бога предизвикува неопходно покајание за спасение, а световната мака доведува go смрт (2 Кор. 7, 10). Кога, пак, грешникот ќе се поврати од гревот свој и ќе почне да врши суд и правда, заради тоа тој ќе остане жив (Езе. 33, 19).

Сите пророци сведочат за Него дека секој кој верува во Него добива простување на гревовите преку Неговото име (Дела 10, 43).

351. Кои средства можат да го помогнат појавувањето на Покајанието?

Постојат и подготвителни и помагателни средства за покајание – тоа се постот и молитвата.

352. Какви средства се употребуваат во Црквата за оние што се каат?

Светата Црква употребува особено средство за очистување и смирување на совеста на грешникот што се кае, имено – епитимија.

353. Што значи зборот „епитимија**?

Зборот епитимија во превод значи казна (2 Кор. 2, 6). Под тоа име, no неопходност, на оној што се кае му се препишуваат некакви особени благочестиви должности и одредени лишувања; нивната цел е ослободување од неправдите на гревот и надминување на гревовната навика.

Така, на пример, постот им е наложен на сите, а за тешките гревови е наложено одлачување од Причест на определено време.

Пренесено од книгата “Православен катихизис” од Свети Филарет Московски

Претходна статијаСе` околу Светата тајна – Причест (Знаеме ли доволно за Светите Тајни на Црквата?)
Следна статијаКОЈА Е ПРВАТА ЗАПОВЕД БОЖЈА (Знаеме ли …?)