МОЛИТВАЗ-та
Нека е благословен денот и часот во кој мојот Господ Исус Христос се роди заради мене, беше распнат и пострада до смрт.
О, Господи, Исусе Христе, Сине Божји, во мојот смртен час прими ја душата на Твојот раб, заради молитвите на Твојата Пречиста Мајка и на сите Твои светии. Амин.
Владико, Господи Исусе Христе, Сине на Живиот Бог, Творецу на небото и на земјата, Спасителу на светот, Упование на целиот свет, прими ги молитвите на недостојниот Твој раб и исполни ги сите мои добри желби, во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.
Ти благодарам, Господи, за сите Твои добрини кон мене!
Ти благодарам, Господи, и за сите искушенија, страдања и гонења, co кои си ме удостоил!
Ти благодарам за се’, Господи. Нека е благословено името Твое, сега и секогаш и во вечни векови.
Достојно е навистина блажена да Те нарекуваме Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна, и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, Бога Словото нетлено што Го роди, навистина си Богородица, ние Те величаме.
По молитвите на светите Отци наши, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не’. Амин.
По тоа правило можеш да си прочиташ:
Псалм 117; Ефес. 5, 8-21 и Лука 17,12 -19, и Житието на денот.