Дома ОД УМОТ ДО СРЦЕТО, АКАТИСТ КОН ПРЕСЛАТКИОТ ГОСПОД НАШ ИСУС ХРИСТОС! (Исусе, Сине Божји,...

АКАТИСТ КОН ПРЕСЛАТКИОТ ГОСПОД НАШ ИСУС ХРИСТОС! (Исусе, Сине Божји, помилуј ме…!)

0
1768

АКАТИСТ КОН ПРЕСЛАТКИОТ ГОСПОД НАШ ИСУС ХРИСТОС

КОНДАК 1ː

Војводо и Господи, Бранителу наш, и на адот Победителуː јас, созданието Твое и работ Твој, кој од вечната смрт избавен сум, пофалби Ти оддавамː Ти Кој неизречено милосрдие имаш, од секоја беда ослободи ме мене кој повикувамː Исусе, Сине Божји, помилуј ме.

ИКОС 1ː

На Ангелите Создателу, и Господи на Силите, отвори го немоќниот ум и јазик мој за пофалба на пречистото име Твое, како што во дамнина на глувиот и немиот, слухот и јазикот им го одврза, па зборуваа повикувајќи вака:

Исусе сѐчудесен, на ангелите удивление;

Исусе сѐсилен, на прародителите избавление;

Исусе преслатки, на патриарсите величание;

Исусе преславен, на царевите укрепување;

Исусе сѐљубов, на пророците исполнение;

Исусе прекрасен, на мачениците оснажение;

Иисусе претихи, на монасите радост;

Исусе премилостив, на презвитерите сладост.

Исусе сѐмилосрден, на посниците воздржание;

Исусе сѐслатки, на преподобните радование;

Иисусе пречесен, на девствените целомудрие; Иисусе предвечен, на грешниците спасение.

Исусе Сине Божји помилуј ме!

КОНДАК 2ː

Како што во она време, Господи, гледајќи ја вдовицата како силно плаче, се умилостиви, и синот нејзин кој на погребение носен беше го воскресна; така и кон мене смилувај се, Човекољупче, и воскресни ја со грев усмртената душа моја, која ти повикуваː

Алилуја!

ИКОС 2ː

Разумот неопитен да го разбере искајќи, Филип глаголашеː Господи покажи ни Го Оца. А Ти му одговориː Толку време со Мене си, зарем не позна дека Отецот е во Мене, и Јас во Оца Сум?

Затоа јас, Неопитни, со страв Ти повикувамː

Исусе, Боже предвечен;

Исусе, Цару сѐсилен.

Исусе, Владико долготрпелив;

Исусе, Спасе премилостив.

Исусе Пазителу преблаг мој;

Исусе, очисти го гревот мој.

Исусе, отми ги беззаконијата мои;

Исусе, отпушти ги неправдите мои.

Исусе, надеж моја не оставај ме;

Исусе Помошнику мој, не отфрлај ме.

Исусе, Создателу мој, не заборавај ме;

Иисусе, Пастиру мој, не погубувај ме.

Исусе Сине Божји, помилуј ме!

 

КОНДАК 3ː

Со Силата Вишна, Иисусе, апостолите кои во Ииерусалим седеа, ги облече, и мене соголениот од секое доброчинство, со Топлината на Светиот Дух облечи ме, и дај ми со љубов да ти пеамː Алилуја!

ИКОС 3ː

Имајќи богато милосрдие, Исусе, митарите и грешниците, и неверниците ги призва; не презри ме и мене сега, ним подобниот, но како бесценето миро, прими ја оваа песнаː

Исусе Сило непобедлива;

Исусе Милост бесконечна.

Исусе Красото пресветла;

Исусе Љубов неискажана.

Исусе, Сине на Бога Живиот;

Исусе, помилуј ме мене грешниот. Иисусе, услиши ме мене во беззаконијата зачнатиот;

Исусе, очисти ме мене во гревови родениот.

Исусе вразумии ме мене непотребниот;

Исусе освети ме мене темниот.

Исусе очисти ме мене скверниот;

Иисусе возведи ме мене блудниот.

Исусе Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 4ː

Внатрешна бура од помисли сомнежливи имајќи, Петар почна да тоне; Но гледајќи кај во тело Сушт по вода одиш, Иисусе, Те позна Тебе, Бога вистинскиот, и добивајќи рака на спасение, речеː Алилуја!

ИКОС 4ː

Слушајќи, Господи, кај по пат минуваш, слепиот извикаː

Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!

А Ти дозивајќи го, очите му ги отвори.

Така, просвети ги, со милоста Своја, духовните очи на срцето мое, мене кој воспевам и глаголамː

Исусе, на небесните Создателу;

Исусе на земните Искупителу.

Исусе, на преисподните Истребителу;

Исусе, на сета твар Украсителу. Иисусе, на душата моја Утешителу; Иисусе, на умот мој Просветителу.

Исусе, на срцето мое Веселие;

Исусе, на телото мое Исцеление.

Исусе, Спасе мој, спаси ме;

Исусе, Светлост моја, просвети ме.

Исусе, од секаква мака избави ме;

Исусе, мене недостојниот спаси ме. Иисусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 5ː

Како што во дамнина, со божествената Крв Своја од клетвата законска нѐ избави, Иисусеː така избави нѐ од стапицата во која змијата нѐ заплетка со плотски страсти, и блудни искушенија и зло униние, нас кои Ти повикувамеː Алилуја!

ИКОС 5ː

Познавајќи Го отроците еврејски во образ човечки Оној Кој со рака човекот го создаде, и разбирајќи дека е Он – Владиката, поитаа да со гранчиња почит му оддадат, воспевајќи осана! Ние пак песна Ти принесуваме, глаголајќи:

Исусе Боже вистинскиː

Исусе Сине Давидовː

Исусе Цару преславенː

Исусе Агнецу непороченː

Исусе Пастиру прекрасенː

Исусе Пазителу во младоста мојаː

Исусе Чувару во јуноста мојаː Иисусе похвало во староста моја

ː Исусе надеж во смртноста мојаː

Исусе животу по смртта мојаː

Исусе утешение мое на Судот Твојː

Исусе желбо моја, не посрамувај ме тогашː

Исусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 6ː

На проповедниците богоносни проповедите и словата исполнувајќи ги, Исусе, на земјата се јави, и несместлив, со луѓето поживеа земајќи ги на Себе болестите наши. Така, со раните Твои исцелени, научивме да Ти пеемеː Алилуја!

ИКОС 6ː

На вселената ѝ заблеска светлоста на вистината Твоја, и се сотре прелеста демонскаː а идолите, Спасе наш, не поднесувајќи ја крепоста Твоја, паднаа. Ние пак, спасение добивајќи, Ти воспевамеː

Исусе Вистино, што прелеста ја одгонуваː

Исусе Светлино, што секоја светлост ја надминува!

Исусе Цару, што секоја крепост ја надминуваː

Исусе Боже, Кој во милост секогаш пребива!

Исусе, Лебу животен, насити ме мене гладниотː

Исусе, Извору на разум, напој ме мене жедниот!

Исусе, Одеждо на веселие, облечи ме мене трулежниотː

Исусе, Покрову на радост, покриј ме мене недостојниот!

Исусе, Подателу на просителите, дај ми плач за гревовите моиː

Исусе, наоѓање на искателите, најди ја душата моја!

Исусе, Ти Кој им отвораш на оние што чукаат, отвори го бедното срце моеː

Исусе, Искупителу на грешните, очисти ги беззаконијата мои!

Исусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 7ː

Сакајќи сокриената од вавек Тајна да ја откриеш, како овца на заколение Си бил воден, Исусе, и како јагне нем пред оние кои го стрижат. И како Бог од мртвите Си воскреснал, и со слава на небесата Си се вознел, и нас со Себе Си нѐ подигнал, кои воскликлнувамеː Алилуја!

ИКОС 7ː

Прекрасна тварта ни ја покажа, Творецот нам јавувајќи ни сеː Бессемено од Девојка се воплоти, воскресна не кршејќи го печатот од гробот, и при апостолите, низ врата затворена, со телото влезе; зарад-тоа восхитувајќи се да запеемеː

Исусе, Слово несогледливоː

исусе, Сила несовладлива!

Исусе, Мудрост непоимвливаː

Исусе, Божество неописивоː

Исусе, Господство неизмерно! Иисусе, Царство непобедливː

Исусе, Владичество бесконечно!

Исусе, Крепост највисокаː Иисусе, Власт вечна!

Исусе, Творче мој, уштедри ме; Иисусе, Спасе мој, спаси ме!

Исусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 8ː

Гледајќи како Бог чудесно се вочовечи, да отстапиме од суетниот свет и умот свој кон божествени нешта да го исправимеː Зашто затоа Бог на земјата слезе, да нѐ возведе на небесата нас кои му воспевамеː Алилуја!

ИКОС 8ː

Сиот беше меѓу земните, и од небесните не отстапи, Безмерен, кога нас-ради доброволно пострада, и со смртта Своја нашата смрт ја умртвиː и со воскресение живот им подари на оние кои воспеваатː Исусе сладост на срцето;

Исусе крепост на телотоː

Исусе светлост на душатаː

Исусе бистрина на умот!

Исусе радост на совестаː Иисусе надеж сигурна!

Исусе памјат предвечнаː

Исусе похвало високаː Иисусе славо моја возвишена!

Исусе желбо моја не отфрлај меː

Исусе пастиру мој побарај ме! Иисусе Спасе мој спаси ме!

Исусе, Сине Божји, помилуј ме!

 

КОНДАК 9ː

Сето естество ангелско го слави на небесата непрестано пресветото Име Твое, Исусе, Свет, Свет, Свет, воспевајќиː ние пак грешни на земјата, со усни валкани воспевамеː Алилуја!

ИКОС 9ː

Говорници речити, како риби безгласни пред Тебе гледаме, Иисусе Спасе наш, немоќни да објаснат како, и како Бог неменлив и како совршен Човек постоиш; ние пак, од Таиството восхитени, со вера воспевамеː

Исусе, Боже предвеченː

Исусе, Цару на царевите!

Исусе, Владико на владетелитеː

Исусе, Судија на живите и мртвите!

Исусе, Надеж на безнадежнитеː

Исусе, Утеха на нажалените!

Исусе, Слава на убогите!

Исусе, не суди ми по делата моиː

Исусе, очисти ме по милоста Твојаː Иисусе, одгони го унинието од менеː

Исусе, просвети ги моите мисли срдечниː

Исусе, подај ми памјат на смрт! Иисусе, Сине Божји, помилуј ме!

 

КОНДАК 10ː

Сакајќи светот да го спасиш, Истоку на истоците, кон темниот запад – природата наша дојде, смирувајќи се Себе до смртː Затоа се превознесува Името Твое, над секое име, и од сите поколенија небесни и земни слушашː Алилуја!

ИКОС 10ː

Цару предвечен, Утешителу, вистински Христе, очисти нѐ од секоја скверност, како што ги очисти десетмината прокажани, и исцели нѐ како што ја исцели среброљубивата душа на Закхеја митарот, да Ти воспеваме во умиление, извикувајќиː

Исусе, сокровиште нетленоː

Исусе, богатство непотрошливо!

Исусе, јастие крепкоː Иисусе, питје неисцрпно!

Исусе, на ништите облеклоː

Исусе, на вдовиците укрепаː

Исусе, на сираците Заштитникуː

Исусе, на трудбениците Помошнику!

Исусе, Наставнику на оние што патуваатː

Исусе, Кормилар на оние што пловат!

Исусе, Пристан на оние што бура ги носиː

Исусе Боже, подигни ме мене паднатиотː

Исусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 11ː

Пеење сѐумилно Ти принесувам јас недостојниотː како Хананејката Ти веламː Исусе, помилуј меː Зашто имам не ќерка, ами тело што во страсти луто беснее, и во јарост пламтиː Исцеление дај ми мене, кој Ти воспевамː Алилуја!

ИКОС 11ː

Од светоподателниот Светилник на оние што во мракот на неразумие се, Кого Павел порано Го гонеше, ја слушна силата на богоразумниот глас, и ја просвети бистрината душевнаː Така и во мене просвети ги темните зеници на душата, која повикуваː

Исусе, Цару мој прекрепокː

Исусе, Боже мој пресилен!

Исусе, Господе мој пребесмртенː

Исусе, Создателу мој преславен!

Исусе, Наставниче мој предобарː

Исусе, Пастиру мој сѐштедар!

Исусе, Владико мој премилостивː

Исусе, Спасе мој премилосрден!

Исусе, просвети ги сетилата мои од страсти помрачениː Иисусе, исцели го телото мое со гревови раносано!

Исусе, очисти го умот мој од помисли суетниː

Исусе, сохрани го срцето мое од похоти лукави!

Исусе, Сине Божји, помилуј ме!

 

КОНДАК 12ː

Благодат подај ми, Опростителу на сите долгови, Исусе, и прими ме мене кој се каам, како што го прими Петра кој се откажа од Тебе, и повикај ме мене потиштениот, како Павла кој некогаш Те гонеше, и услиши ме мене, кој Ти повикувамː Алилуја!

ИКОС 12ː

Воспевајќи го вочовечувањето Твое, сите Те славиме, и со Тома веруваме дека Господ и Бог Си, Кој со Оца седи и повела на живите и мртвите да им суди. Тогаш удостој ме со стоење оддесно-Тебе и мене кој ти повикувамː

Исусе, Царе предвечен помилуј меː

Исусе, цвете благоухан, намирисај ме!

Исусе, топлино блага, огреј меː

Исусе, Храму предвечен, засолни ме!

Исусе, одеждо светла, украси меː

Исусе, бисеру скапоцен, заблескај ме!

Иисусе, скапоцен камену просвети меː

Иисусе, сонце на правдата, озари ме!

Исусе, светлост света, освети меː

Исусе, од болест душевна и телсусе, од рака противничка отми меː

Иисусе, од оган незгаслив и од сите маки вечни ослободи ме!

Исусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 13ː

О преслатки и сѐштедри Исусе! Прими го сега ова мало моление наше, како што вдовицата двете лепти ги примиː и сохрани го достојанието Твое од враговите видливи и невидливи, од наезда на иноплеменици, од болест и од глад, од секоја скрб и рани смртни, и од идните маки избави ги сите што Ти повикуваатː Алилуја!

Овој кондак се кажува трипатиː И потоа повторно првиот икос,

И потоа повторно првиот кондакː

ИКОС 1ː

На Ангелите Создателу, и Господи на Силите, отвори го немоќниот ум и јазик мој за пофалба на пречистото име Твое, како што во дамнина на глувиот и немиот, слухот и јазикот им го одврза, па зборуваа повикувајќи вакаː

Исусе сѐчудесен, на ангелите удивление;

Исусе сѐсилен, на прародителите избавление;

Исусе преслатки, на патриарсите величание;

Исусе преславен, на царевите укрепување;

Исусе сѐљубов, на пророците исполнение;

Исусе прекрасен, на мачениците оснажение;

Исусе претихи, на монасите радост;

Исусе премилостив, на презвитерите сладост.

Исусе сѐмилосрден, на посниците воздржание;

Исусе сѐслатки, на преподобните радование;

Исусе пречесен, на девствените целомудрие;

Исусе предвечен, на грешниците спасение.

Исусе Сине Божји помилуј ме!

КОНДАК 1ː

Војводо и Господи, Бранителу наш, и на адотот Победителуː јас, созданието Твое и работ Твој, кој од вечната смрт избавен сум, пофалби Ти оддавамː Ти Кој неизречено милосрдие имаш, од секоја беда ослободи ме мене кој повикувамː

Исусе, Сине Божји, помилуј ме.
+ + +

МОЛИТВА кон нашиот Господ Исус Христос:

Владико, Господи Исусе Христе, Боже мој,

Ти, Koj пo неискажаното Твое човекољубие, кон крајот на вековите во тело се облече од Приснодева Марија; ја славам спасоносната Твоја промисла за мене, јас слугата Твој Владико,

Ти песнословам, зашто низ Тебе Го познав Отецот Небесен.

Те благословувам, зашто заради Тебе и Духот Свет во светот дојде. И се поклонувам на Твојата по плот Пречиста Мајка, Која ѝ послужи така на страшната Тајна.

Ги прославувам Твоите ангелски хорови, како славители и служители на величеството Твое. Чест му воздавам на свети Јован Претеча кој Те крсти, Господи.

Ги почитувам и пророците кои те претскажаа и светите Твои апостоли ги прославувам. Ги празнувам мачениците и свештениците Твои ги славам.

На преподобните Твои им се поклонувам и ги славословам праведните Твои.

Таков и толку по ликови многучлен собор божествен на молитва jаc, слугата Твој пред Тебе приведувам, сештедар Боже, и прошка молам за гревовите мои, заради сите светии Твои, a уште повеќе заради светите добрини Твои, зашто си благословен вечно.

Амин!

Изворː ДОМОСТРОЈ, РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО, ’93, бр. 3 / 4.