Голем поздрав до сите. Многу ми се допаѓа концептот. Навистина може да ни помогне да ги решиме нашите дилеми.
Имам едно прашање кое иако истражував и читав не успеав да најдам одговор.
Можеби не е вообичаено, но сметам дека е важно и застaпeно денес.
Ме интерсира дали на христијаните им е дозволено да чуваат домашни миленичиња, во домашни услови.
Бидејќи колку и ние да ги сакаме и се грижиме за нив, сепак тоа не е нивна природна состојба, ние им ја ограничуваме слободата и можеби ги повредуваме.
Дали за грев се смета само тоа што е спротивно на законот и се однесува на луѓе, но што е со животните ?
Благодарам
Одговор – отед Горан:
Смеат христијаните да чуваат домашни миленичиња.
А, Бог уредил човекот да се грижи за се` во светот, но гревот на човекот ја наруши хармонијата при созадавањето, но затоа, од нас, вели св. Павле
тварите, значи и светот и се во него, го очекуваат нашето прославување т.е. спасение.
Во Христа ние се измиривме со Бога, и од нашето Крштевање понатаму само станува да растеме преку покајание во Христа и да достигнеме обожение, а сè (значи се) што е соединето со Бога е спасено.