Прашање:

Секоја чест за рубрикава Јас имам две прашања до Отецот.

Прашање (1):

Ако при м.ц (месечен циклус) дојди Отец во домот за крштевање на света вода дали смее да се целиваат раката и крстот?

2) Кога не се прават длабоки поклони?

Одговор:

1.При м.ц. се целива и раката на свештеникот и крстот, и икони, се зема нафора во црква…се освен Причест, но и тоа може со благослов на духовниот отец (тој знае кога), за ова прочитај повеќе во претходните одговори.

2. Длабоки поклони или метании не се прават во саботите и неделите, Господовите празници, светлата седмица можеби и некои други денови.

Битно е дека Длабоките поклони (метании) се значајно средство, покрај постот и молитвата, за духовното растење на подвижникот, односно на секој верник.

Претходна статијаАко сострадате со оној кој страда – ќе се втемелите во мачениците…
Следна статијаШто е пополезно за нас? (На ваши прашања одговара отец Горан Стојчевски)