ЗА Пеколот и Рајот

Некој преподобен го молел Бог, да му открие како е во пеколот и како е во Рајот.

Најпосле Господ му ја услишал молитвата па го испратил неговиот ангел чувар за му ги покаже пеколот и Рајот.

Одејки така, оддалеку намирисале еден многу убав и пријатен мирис од некое вкусно јадење. Кога дошле до местото преподобниот здогледал мноштво слаби, изнемоштени мрачни луѓе.

Зе зачудил како можат да бидат такви кога пред себе имаат толку вкусно јадење.

Тогаш ангелот му рекол:

Ги гледаш ли овие луѓе?

Тие се во пеколот. Пред себе имаат лонец со прекрасно јадње и една лажица која е долга толку колку што самите неможат да се нахранат. Па затоа треба еден со друг да се хранат и да бидат сите, радосни и весели.

Но овие луѓе се себични немаат смиремние то да го прават па затоа се такви.

Понатаму дошле до едно друго исто такво место со истите услови, но овие биле нахранети, расони и весели.

Тогаш ангелот повторно му рекол:

– Ги гледаш ли овие луѓе?

Овие се во рајот. Тие се хранат еден со друг и затоа сите се такви.

Претходна статијаКако правилно да се исповедаме? (Гревот е рана и треба да се излечи. Еден од најефикасните лекови е исповедта….)
Следна статија“Каде си тргнала бабо?“ (Поука за отрезнување)