ЗА МОЛИТВАТА

„Не се моли за исполнување на своите желби, зашто тие може да не бидат според волјата Божја. Туку секогаш моли се како што си научен, кажувајќи:

Волјата Твоја нека биде на мене (види: Лука 22, 42).

Секогаш моли Го на овој начин – да биде Неговата волја!

Он го посакува тоа што е добро и корисно за тебе, додека, пак, ти не секогаш го бараш ова.

Нерасеаната молитва е највисокото созерцување на умот.

Молитвата е искачување на умот кон Господ.

Ако копнееш по молитва, отфрли сѐ за да добиеш сѐ.

Свесна свесност за молитвата е концентрацијата придружена со благоговение, умиление и болка на душата кога таа ги исповеда своите гревови со внатрешна тага.

Ние ги практикуваме добродетелите за да достигнеме созерцание на внатрешните суштини (логоси) на созданијата, и од ова преминуваме кон созерцание на Логосот што им дава постоење, а Он се јавува кога сме во состојба на молитва.

Состојбата на молитва е состојба на бестрастие, која преку добродетелта на најдлабоката љубов го пренесува во умственото царство умот што копнее по мудрост.

Свети Евагриј Отшелник