ЗА МОЛИТВАТА

„Не се моли за исполнување на своите желби, зашто тие може да не бидат според волјата Божја. Туку секогаш моли се како што си научен, кажувајќи:

Волјата Твоја нека биде на мене (види: Лука 22, 42).

Секогаш моли Го на овој начин – да биде Неговата волја!

Он го посакува тоа што е добро и корисно за тебе, додека, пак, ти не секогаш го бараш ова.

Нерасеаната молитва е највисокото созерцување на умот.

Молитвата е искачување на умот кон Господ.

Ако копнееш по молитва, отфрли сѐ за да добиеш сѐ.

Свесна свесност за молитвата е концентрацијата придружена со благоговение, умиление и болка на душата кога таа ги исповеда своите гревови со внатрешна тага.

Ние ги практикуваме добродетелите за да достигнеме созерцание на внатрешните суштини (логоси) на созданијата, и од ова преминуваме кон созерцание на Логосот што им дава постоење, а Он се јавува кога сме во состојба на молитва.

Состојбата на молитва е состојба на бестрастие, која преку добродетелта на најдлабоката љубов го пренесува во умственото царство умот што копнее по мудрост.

Свети Евагриј Отшелник

Претходна статијаОтворена духовна војна по дома! Совет? (Прашања до свештеникот – Одговара отец Горан Стојчевски)
Следна статијаШто е благодат?