Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на се’ видливо и невидливо.

И во Едниот Господ Исус Христос,

Синот Божји Единороден,

Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлината,

вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, несоздаден, единосуштен на Отецот,

преку Кого се’ станало.

Кој заради нас луѓето

и заради нашето спасение слезе од небесата,

и се воплоти од Светиот Дух и Дева Марија,

и стана човек.

 

И Кој беше распнат заради нас во времето

на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребен.

 

И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото.

И Кој се вознесе на небесата,

и Кој седна оддесно на Отецот.

 

 

И Кој пак ќе дојде co славада им суди

на живите и на мртвите,

и Неговото Царство не ќе има крај.

 

И во Светиот Дух Господ, Кој дава живот, Кој исходи од Отецот,

Кому заедно co Отецот и Синот

My ce поклонуваме и Го славиме,

и Кој говорел преку Пророците.

Bo Една, Света, Соборна и Апостолска Црква.

Исповедам едно крштение

за простување на гревовите.

 

Го чекам воскресението на мртвите.

И животот на идниот век.

Амин!

 

Претходна статијаЉубовта преобразува! (Писмо)
Следна статијаМОЛИТВА ЗА СЕКОЈ ДЕН (…не мене да ме љубат, туку јас сите да ги љубам.!)