Дома Молитви ПРАВИЛО И КРАТКИ МОЛИТВИ ЗА УСПЕШНО ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

ПРАВИЛО И КРАТКИ МОЛИТВИ ЗА УСПЕШНО ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

0
1622

Молитвата и трудот се двата клуча за успешно полагање на испити. По испитот, оној што учел не треба да заборави да My благодари на Бога, и исто така да Го моли да му даде сила и мудрост успешно да издржи во добротворството, верата и покајанието и испитот на животот овде на земјата, кој ни го прави достапен вечниот живот во Царството Божјо.

Bo името на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Цару небесен… Свети Боже… Оче наш… стр. 335.

ТРОПАР

на Света Троица, глас 8-ми

Благословен си Христе Боже наш, Ти, Кој рибарите ги направи премудри кога им го испрати Духот Свети и преку нив ja улови вселената, Човекољупче, слава Ти.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

КОНДАК

на Богојавление, глас 4-ти

И’ се јави денес на вселената, и Твојата светлина, Господи, се одрази врз нас, кои разумно Те воспеваме; дојде и се јави Светлината недостапна.

И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

ТРОПАР

на Сретение Господово, глас 1-ви

Радувај се, благодатна Богородице Дево, зашто од тебе изгреа сонцето на правдата – Христос нашиот бог, Кој ги просвети оние што се наоѓаа во темнина. Весели се и ти, старче праведен, зашто си го примил во прегратките Ослободителот на нашите души, Кој ни дарува воскресение.

КРАТКИ МОЛИТВИ

кон Пресвета Богородица, Ангелот Пазител и Светите Просветители

Пресвета Богородице, спаси не’! Свет Ангелу, Пазителу мој, помогни ми!

Свети славни Три Светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јоване Златоусти, измолете од Сеподателот на секоја мудрост, Господ Бог, голема милост за мојата душа.

Свети славни Седмочисленици, македонски просветители Кириле и Методиј, Клименте Охридски, Саво, Горазд, Науме и Ангелариј, молете го Бога за мене.

МОЛИТВА ЗА УЧЕНИК ПРЕД ИСПИТ

Милостив Господи, Кој си вечна премудрост и извор на духовна светлина и на знаења, испрати ја благодатта на Твојот Свет Дух врз Твојот раб (името) да му го просвети умот, па успешно да го положи претстојниот испит.

Ти, Господи, си рекол дека без Тебе не можеме да правиме ништо. Залудни би биле нашите усилби ако Ти не ни помогнеш co Твојата семоќна десница, зашто секое знаење и секој совршен дар доаѓа од Тебе.

Па така, откако ќе му биде озарен умот на овој Твој раб (името) и откако co Твоја помош ќе го положи испитот, да може да напредне во познанието на Твојата вистина, да им послужи на блиските и на својот народ, па да го постигне и своето лично спасение.

Амин.