Дома Останато Прашања до свештеникот На оној кој се самоубил, дозволен ли е помен? (На ваши прашања...

На оној кој се самоубил, дозволен ли е помен? (На ваши прашања одговара отец Горан Стојчевски)

0
962

Почитувани, дали ќе сакате да ми одговорите на следново прашање.

Пред шест месеци мајка ми почина од рак на белите дробови, десет дена подоцна од жал за мојата сакана мајка и татко ми почина, односно сам си пресуди.

Прашањето ми е, дали може и на мојот сакан татко да му направиме помен?

Инаку, татко ми беше крстен, и беше многу добар човек, и токму поради тоа заслужува на неговиот гроб да дојде православен свештеник односно да има помен?

Поздрав и секое добро!

 

 

Одговара отец Горан:

Самоубиството е голем грев т.е. спротиставување на Божјиот домострој, немање вера, надеж во Бога, и поради таа причина не се извршува опело над христијанин кој направил самоубиство.

Заради снисходење на Црквата кон секоја човечка душа, може да се направи 40 дневен помен, и другите помени, и секако трисагии на задушниците и споменување на литургиите.