Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, излезе од печат книгата за деца „Моето детство“, чијшто автор е Илијана Илкова, Игуманијата на Марков манастир.

Денес, во дворот на манастирот се одржа промоцијата на оваа книга во присуство на голем број верници и љубители на духовното слово.

Инаку, приказната во ова полезно четиво за деца ни ја објаснува потребата на детстското срце од Бог, од Неговата утеха и љубов, од закрилата Негова во текот на деновите на детството.

Зашто, не само возрасните, туку уште повеќе кревката детстка душа крие во себе невидливи внатрешни дилеми, конфликти, болка, немир, чувство на неправда и нељубов…, кои нема со кого да ги сподели и разреши…

Еве мала фото – галерија од амбиентот на денешниот настан:

 

Претходна статијаСоопштение за литијата со чесните мошти на Св. Великомаченик Георгиј
Следна статијаАко Бог ја тргне раката од нас и ние ќе паднеме (Архимандрит Дамаскин – за простувањето)