Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, излезе од печат книгата за деца „Моето детство“, чијшто автор е Илијана Илкова, Игуманијата на Марков манастир.
Денес, во дворот на манастирот се одржа промоцијата на оваа книга во присуство на голем број верници и љубители на духовното слово.
Инаку, приказната во ова полезно четиво за деца ни ја објаснува потребата на детстското срце од Бог, од Неговата утеха и љубов, од закрилата Негова во текот на деновите на детството.
Зашто, не само возрасните, туку уште повеќе кревката детстка душа крие во себе невидливи внатрешни дилеми, конфликти, болка, немир, чувство на неправда и нељубов…, кои нема со кого да ги сподели и разреши…
Еве мала фото – галерија од амбиентот на денешниот настан: