Прашање до Отецот:

Почитуван Отец, ја изгубив венчалната бурма. Ме интересира дали има некакво значење губење на бурма како симбол на брачен живот?

Ви благодарам многу !  Наташа

Одговор на итец Горан:

Почитувани, секогаш кога верата не се трудиме да ја живееме, во практичен начин преку светите тајни на Црквата, крштение, миропомазание, исповед и Причест, што значи изградување во литургиската култура и наше воспитание преку учество во Литургијата во неделите и празниците подготвени со молитвени правило (кажување на Исусовата молитва, Богородице Дево, и други молитви), читање на Свето Писмо, исповед пред духовниот отец и пост, ако ова го изостанува од нашето христијанско секојдневие тогаш оставаме простор за сурогатите на верата или суеверието кое се темели на некултура, живеење според некои ситници на кои им робуваме и кои го обземаат нашиот живот.

Затоа, како што вели и св.ап. Павле, дека бракот треба да биде непорочен, и брачната постела чиста и бракот да биде единство на две личности во едно дело, како Христос и Црквата.

Така, бурмата не го чини бракот туку Божјата благодат согласно богоугодниот живот на брачниците.

Не се вознемируајте имајте едномислие со сопругот, сѐ друго Бог ќе уреди.

Христос Воскресе!

Претходна статијаВОДА ЖИВА (Митрополит Струмички Наум)
Следна статијаВО ЧЕСТ И СПОМЕН НА СЛАВНИОТ ХРИСТОВ МАЧЕНИК, СВЕТИ ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ (Бигорски манастир)