Прашање 38. Кое е петтото блаженство?
Одговор. Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани.
Прашање 39. За што учи ова блаженство?
Одговор. Тоа учи дека се блажени тие луѓе, кои чинат милосрдни и човекољубиви дела.
Прашање 40. Кои се милосрдните дела?
Одговор. Делата на милосрдието се двојни: едните се однесуваат кон телото, а другите кон душата (Теофилакт на 25 гл. Мт.).
Прашање 41. Колку дела има на човекољубието, кон се однесуваат на телото?
Одговор.
Седум. Прво е гладен да биде нахранет, како Христос што кажал велејќи: Бев гладен и Ми дадовте да јадам (Мт. 25,35), тоест — бедните и немоќните, кои не можат да се хранат од својот труд, (да бидат нахранети).
А треба да им се дава од тие имоти, кои се добиени на чесен начин, co својот и co праведниот труд, пo зборовите на Светото Писмо:
Почитувај Го Господа co имотот на праведните твои трудови и давај Му ги првините од праведните печалби твои (Раск. 3,9).
Притоа, треба да се дава милостина не само на оние бедни што секогаш јавно просат или на тие што се во сиротинските домови, туку и на оние што поради срамежливост не можат да просат милостина.
Впрочем, треба да се пази делото на милосрдието да не го дознаат другите луѓе, да не се разгласува и да не се превознесува, како Христос што говори:
Кога правиш милостиња, не разгласувај, како што прават лицемерите по синагогите и пo улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда (Мт. 6,2).
Прашање 42. Кое е второто дело на милосрдието?
Одговор. Жедниот да биде напоен, односно оној, кoj поради сиромаштво и немоќ нема средства да ја угасне својата жед.
Под овие зборови се подразбира секој вид пијалок во време на жед, која ако ја уталожи некој на жедниот и co една чаша студена вода, ќе задобие блаженство, по зборовите на Спасителот наш, Кој говори во Светото Писмо:
И кој ве напои co чаша вода во Мое име, дека сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата награда (Мк. 9,41).
Овде спаѓаат сите услуги што им се укажуваат на било кој начин на бедните и немоќннте, кои co својот труд или вештина не можат да постигнат што им е потребно.
Прашање 43. Кое е третото дело на човекољубието?
Одговор. Необлечениот да го облечеш.
Ова блаженство го постигнуваат тие, кои се човекољубиви спрема својот ближен и му спомагаат во нуждата, облекувајќи ја неговата голотија. За ова Исус Христос ќе им даде награда во судниот ден, говорејќи:
елате, благословени од Мојот Отец, наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот (Мт. 25,34).
Овде се подразбираат не само тие што ce сосема голи, туку и тие кои, иако имаат облека, таа е таква што не може да ги одбрани од студот или некако инаку страдаат и одвај си го одржуваат животот поради тоа што немаат облека.
Затоа, милосрдниот човек треба и на овие да им укаже какво и да било дело на човекољубие, давајќи им нешто од облеката, за да се заштитат во студеното време.
Прашање 44. Кое е четвртото дело на милосрдието?
Одговор. Затвореннците во затвор да се посетуваат.
При ова дело не треба да се распрашува за причина поради која е некој затворен или кој е тој што е затворен. Зашто тој, кој и да е и каков и да е престапот за што тој се нашол во окови, ние треба, заради Христа, нашиот Господ, да му пријдеме и да го посетиме и утешиме, да не би паднал во очајание.
Прашање 45. Кое е петтото дело на милосрдието?
Одговор. Болните да се пригледуваат.
Тоа дело секој треба да го прави без истражување дали е болниот роднина, негов домашен или пријател или негов врсник. Оти секоја болна личност, дури повеќе таа што лежи во болница или на плоштад, иако е непозната, треба да се пригледа.
Најнапред да ce утeши устно, сожалувајќи ja во нејзината неволја. А потоа да се советува болниот трпеливо да ја поднесува својата незгода и да го прими без тага на срцето таквото Божјо допуштање, и да не роптае, но спротивно, со устата и срцето да Го слави Бога, Кој ја открива врз него Својата волја, а цврсто да се надева во Неговото човекољубие, дека ќе се исцели. Освен тоа треба да се советува, co потиштено и возбудено срце да си ги исповеди своите гревови, кои како човек ги сторил и да се причести co пречистите Тајни и да прими Елеосвештение, по црковниот ред.
Оти овие тајни се многу корисни не само за спасение на душата, ами и за здравје на телото.
Уште треба да се извршуваат молитви за него кон Бога и да се препорачува истиот на општите молитви на целата Црква. Дури повеќе, кога тој болен, поради својата сиромаштија не е во состојба да и’ јави на Црквата за својата болест, тогаш милосрдниот човек треба да го повика неговиот духовник, за да изврши над него се’ што е потребно.
Најпосле, да го посоветува болниот да не падне во празноверие, кое е од Црквата забрането; да не настојува да си го поврати своето здравје co враџби и co поврзување со ѓаволот, преку што си нанесува повеќе штета отколку што бара здравје, — туку целата своја надеж и доверие да го положи во милосрдието Божјо, а од лекарствата да употребува само тоа, што ќе одредат искусни лекари.
Ваквото пригледување на болните ги прави луѓето, што го вршат тоа, блажени и на овој свет и на небесата. А ако некој болен има заразна болест, дури чума, тогаш треба ова дело да се извршува co пазење на својот живот, co помош на погодни лица, кои без своја штета ќе спомагаат во таквите болести!
Прашање 46. Кое е шестото дело на милосрдието?
Одговор. Странец да примиш во својот дом.
И ова дело треба да се извршува co најрадосно лице и срце. Особено треба да бидат примани во својот дом тие странци што патуваат кон сетите места заради поклонување по својот завет и се задржуваат понекаде заради одмор. Такви се сите поклоници и сите сиромаси, на кои треба да им спомогне според своите сили тој, што сака да го наследи ова блаженство. Уштe повеќе треба да им се укажува гостољубивост на тие, кои, истоштени, лежат по плоштадите и раскрсниците и молат за милостина.
Прашање 47. Кое е седмото дело на милосрдието?
Одговор. Да ги погребуваме умрените.
Ова дело треба секој да го врши co готовност, особено спрема оние, кои умреле во крајна сиромаштија, принесувајќи го тоа што е потребно за нивното погребение no христијанскиот обичај, како што правел Товиј. А ако умрел некој од роднините или пријателите, тогаш ова дело се врши co собир и co спровод од православни и побожни луѓе, кои мртовецот го испраќаат до гробот, co прозби и молитви кон Господа за душата на покојникот.
Прашање 48. Колку се и кои се делата на милосрдието што се однесуваат кон душата?
Одговор. И тие се седум.
Прво е да се отклони грешникот од гревот и да се привлече на подобар живот, како што сведочи Светото Писмо:
Ако, браќа, некој од вас се отклони од вистината, и друг го поврати, тој нека знае, дека оној, што обрне грешник од лажлив пат, спасува една душа од смрт и ќе покрие многу гревови (Јак. 5, 19 и 20).
Ова дело на милосрдието е прво и главно, кое го поттикнува православниот човек да му биде милостив на својот ближен, зашто содржи во себе не привремени, но вечни добрини.
Ама, вршејќи го ова дело треба да се пази, co невнимателност грешникот да не се доведе некако до очајание или до прекумерно надевање во Божјото милосрдие; зашто и едното и другото повеќе може да биде штетно за грешникот, отколку што може да му користи.
Затоа треба мудро да се одржува средината. Ако е, пак, некој неспособен самиот да го изврши ова дело, нека побара друг, кој во тоа има поголемо искуство. Исто така треба да постапуваме и тогаш, кora ce случува да обраќаме еретици и расколници.
Прашање 49. Кое е второто дело на духовното милосрдие?
Одговор. Невештиот и простиот да го учиме.
И ова дело го извршува како што треба тој, којшто го учи простиот како треба да верува во Единиот Триипостасен Бог, ако се знае дека истиот е способен да учи. Bo спротивен случај, нека најде некој друг, поразумен и поискусен од себе, оти слепиот ако води слепец, обата ќе паднат во јама (Мт. 15,14; Лк. 6,39).
Второ, треба да биде научен неискусниот како треба да Го призива Бога и во која молитва да My ги открива на Бога своите прозби. Освен тоа, треба да биде научен и за Божјите заповеди, да му се покаже и начин, како можат тие лесно да се одржуваат.
Најпосле, овде се оди и на тоа, да се грижиме сирачињата да ги одгледаме и поучиме, та по време и тие да бидат корисни за Црквата и за општеството, и да My ce молат на Бога за своите добротвори. A ако тоа го изоставуваме, тогаш треба да се плашиме од онаа страшна пресуда, co Koja се осудува тој што примил еден талант и го вратил без печалба (Мт. 25,25—30).
Прашање 50. Кое е третото дело на духовното милосрдие?
Одговор. Да му се дава совет на тој што му е потребен.
Ова бидува кога некој, тие луѓе што живеат развратно, co побожни и христијански опомени и co добри совети ги свртува на подобар начин на живеење.
Натака, кога луѓе паднат во каква било невола или оскудица, — и не наоѓаат начин од тоа да се спасат, — тогаш треба весело да им се притекне co лекарство на ваков совет, за да можат да си го спасат животот или својата чест.
Кон ова спаѓа и тоа, ближниот да се извести за опасноста во која се наоѓа или неговиот живот или неговата чест, а за кoja тој не знае. Ама, на таков начин, меѓу тие лица да не се појават непријателства и уште поголеми опасности.
Прашање 51. Кое е четвртото дело на духовното милосрдие?
Одговор. Да се молиш на Бога за својот ближен.
Ова дело на човекољубието, пред се’, е должност на духовниците и црковните. презвитери, a потоа и на мирјаните. За ова доволно е речено во шестата црковна заповед.
Прашање 52. Кое е петтото дело на духовното милосрдие?
Ожалостен да тешиш.
Ова дело на милосрдието се поставува заради тоа — ние никого да не го доведуваме до тоа да се гневи и оплакува на нас и да не сме му дале причина са биде тажен, по зборовите на Апостолот, кој говори:
Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир co сите луѓе. He осветувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Оти е пишано: „одмаздата e Moja. Jac ќе отплатам вели Господ” (Рим. 12,18 и 19).
Ова треба да се извршува особено тогаш, кога некој е оптеретен co големи гревови или е опасно болен или притеснет co неволи и големи незгоди. Таквите луѓе треба да ги тешиме.
Прашање 53. Кое е шестото дело на духовното милосрдие?
Одговор. Навредите co трпение да се поднесуваат.
Ова дело на милосрдието бидува кога поднесуваме што и да е заради Христа. Тогаш треба тоа co задоволство да го поднесуваме, бидејќи нашиот Господ Исус Христос поднесол за нас неопоредливо поголеми навреди, како што е речено: оти и Христос пострада за нас, оставајќи ни пример, за да врвиме no Неговите стапки (I Петр. 2,21).
Освен тоа, не треба да им сакаме зло на тие што не’ навредуваат и угнетуваат и не треба да враќаме зло за зло, според Апостолот, кој вели: не враќајте зло за зло (I Петр. 3,9).
Дури повеќе, кога ние нешто неправедно поднесуваме, треба да My благодариме на Бога и да Го молиме да им прости на нашите непријатели.
Прашање 54. Кое е седмото дело на духовното милосрдие?
Одговор. Да ги проштеваме престапите, сторени од други спрема нас.
Ова дело на милосрдието ние тогаш гo правиме, кога им ги простуваме на нашите непријатели неправдите што ни ги нанесле, макар какви да се, и дури, како што е погоре речено.
My се молиме (на Бога) да му биде простено на тој што не’ навредил. И ниe треба да опростуваме не само еднаш на ден, но секој ден до седум no седумдесет пати, како што одговорил Спасителот наш на прашање Петрово велејќи: не ти велам до седум, туку до седумдесет пати по седум (Мт. 18,22).
Пренесено од книгата “Православно исповедание на верата на Соборната и Апостолска Источна Црква”